Спорт
Уште еден чекор на патот до титулата, Наполи победи во Емполи

Фудбалерите на Наполи славеа на гостувањето против Емполи со 2:0 во натпреварот од 24. коло на Серија А.
Тренерот на Наполи Лучано Спалети се врати на местото каде што ја заврши кариерата како играч и ги направи првите тренерски чекори. На теренот Спалети и неговите играчи немаа милост.
Наполитанците прашањето околу победникот го решија во првите 30 минути. Најпрвин во 17. минута Исмајили си постигна автогол, а потоа Осимен во 28.минута го постигна вториот гол.
За нигерискиот напаѓач тоа беше 19 гола во Серија А оваа сезона, засега е најдобар стрелец во Италија.
До крајот на мечот директнен црвен картон доби Марио Руи во 67. минута, а во 71.минута на теренот влезе и Елеиф Елмас.
Ова е осми последователен триумф на Наполи и е убедливо прв со 65 бодови, 18 повеќе од второпласираниот Интер, кој допрва треба да го одигра својот меч.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Хорхе Мартин продолжува со закрепнувањето во Центарот за рехабилитација на Ред Бул

Возачот на Априлија, Хорхе Мартин, започна нова етапа во својата борба со повредата, која ја заработи на неодамнешниот спринт во Јапонија кога ја скрши клучната коска по падот во првата кривина.
Светскиот првак со Прамак во 2024 година, ќе ги помине следните неколку дена рехабилитациски во спортскиот центар „Ред Бул“ во Австрија, каде што ќе се обиде да го забрза закрепнувањето по страшната несреќа што се случи минатата недела.
An unfortunate teammate wipeout with bigger consequences for @88jorgemartin 💥
Hoping for a fast recovery ❤️🩹#JapaneseGP 🇯🇵 pic.twitter.com/VUX493BR6n
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 27, 2025
Центарот во Салцбург со години се смета за едно од најмодерните места за рехабилитација на професионалниспортисти и токму таму Мартин ќе бара излез од најтешката сезона во неговата кариера.
Според првичните прогнози, тој ќе биде надвор од патеките најмалку две недели. По пропуштената трка во Индонезија, Шпанецот нема да биде во конкуренција за трката во Австралија, додека реално е да се врати за Големата награда на Малезија, која се одржува од 24 до 25 октомври.
Mega day with @GBSnowsport visiting @redbull Athlete Performance Center and Hangar-7 #restday #highperformance #redbull #salzburg pic.twitter.com/1BfqJs74KX
— Sophie (@Sophie_T_SEM) February 25, 2023
Секако, сè ќе зависи од неговото закрепнување во Салцбург, а доколку работите се искомплицираат, враќањето би можело да се одложи до последните две трки од шампионатот – Португалија и Валенсија.
Дотогаш, Априлија ќе се потпира на услугите на тест-возачот Лоренцо Савадори.
Спорт
Џерард се враќа на „Ајброкс“?

Стивен Џерард е главен кандидат за нов тренер на Глазгов Ренџерс по отпуштањето на Расел Мартин, тврдат британските медиуми.
Ренџерс вчера донесоа одлука да се разделат со менаџерот Расел Мартин по само 17 натпревари на клупата, во кои клубот оствари само пет победи.
Џерард, кој ги водеше Ренџерс од 2018 до 2021 година, ја освои титулата во Премиер лигата во сезоната 2020/21 за време на неговиот претходен мандат, со што ја прекина долгогодишната доминација на Селтик.
По заминувањето од Глазгов, поранешниот капитен на Ливерпул ги водеше Астон Вила, а потоа и Ал Етифак од Саудиска Арабија. Тој моментално е слободен тренер и, според медиумите, е подготвен да се врати на „Ајброкс“.
Ренџерс моментално се наоѓаат на осмото место во Шкотското првенство, 11 бода зад лидерот Хартс, а по паузата за репрезентативни натпревари клубот ќе биде домаќин на Данди Јунајтед во обид да направи пресврт во сезоната.
Ренџерс вчера одиграа 1:1 против Фалкрик, голот за „Полицајците“ го постигна македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Спорт
ФИА го казни Хамилтон, Британецот остана без седмото место во Сингапур

Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, беше казнет со пет секунди на трката за Големата награда на Сингапур во Формула 1. Седумктатниот првак доби казна бидејќи неколку пати визеше надвор од патеката.
Хамилтон во Сингапур го освои седмото место, но поради казната заврши на осомото, а седми е Фернандо Алонсо.
Во финишот на трката Хамилтон имаше предност од 4 секунди во однос на осмиот Фернандо Алонсо од Астон Мартин, но сопирачките на автомобилот на Ферари откажаа, па тој пресече неколку кривини и ја напушти патеката на патот кон целта.
Седумкратниот светски шампион ја заврши трката на седмото место со четири десетинки предност, но со казната падна на осмото место.
Шампионатот продолжува за две недели, со Големата награда на САД на 19 октомври, во Остин, Тексас.