Спорт
Уште еден пораз на Далас, Морент ги растури Лејкерси
Џа Морент, Јанис Адетокумбо, Тајрис Халибартон и Лука Дончиќ блеснаа изминатата ноќ во НБА лигата, кој во целост му припадна на Никола Јокиќ.
ЛА Лејкерс без Леброн Џејмс немаа никакви шанси за победа во дуелот со Мемфис и Морент. Мемфис славеа со 121:109, а Морент забележа трипл-дал со 39 поени и по 10 скока и асистенции. Морент 28 поени уфрли во третата четвртина.
Адетокумбо го предводеше Милвоки до победата во Бруклин 118:104. Гркот забележа 33 поени и 15 скока. Во февруари, Милвоки Бакс одиграа 10 натпревари и забележаа исто толку победи.
Индијана Пејсерс во драматичен меч ги победија Далас Маверикс со 124:122. Далас со Дончиќ и Ирвнг на теренот одиграа пет натпревари, забележаа само една победа.
Роденденскиот дуел меѓу Лука Дончиќ и Тајрис Халибартон му припадна на младиот американски плејмејкер.
Лука Дончиќ забележа 39 поени, 8 скока и 6 асистенции, додека Халибартон имаше 32 поени, 7 скока и 6 асистенции.
НБА, резултати:
Атланта – Вашингтон 116:119
Бруклин – Милвоки 104:118
Мемфис – Л.А. Лејкерс 121:109
Торонто – Чикаго 104:98
Хјустон – Денвер 112:133
Оклахома – Сакраменто 117:123
Далас – Индијана 122:124
Јута – Сан Антонио 94:102
Голден Стејт – Портланд 123:105
ЛА Клиперс – Минесота 101:108
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арнолд ќе го напушти Реал, Баерн внимателно ја следи ситуацијата
Англискиот репрезентативец Трент Александар-Арнолд ги разочара навивачите на Ливерпул минатото лето, кога по освојувањето на Премиер лигата и истекот на договорот, реши да го напушти клубот каде што се прослави и да се пресели во Реал Мадрид.
Се очекуваше Реал да добие огромно засилување на позицијата десен бек, но Шпанија не „му легна“ за Англичанецот.
Честите повреди и лошата форма, придонесоа тој да настапи на само 11 натпревари оваа сезона.
Шпанскиот „Ел Насионал“ тврди дека ситуацијата ја „достигнала критична точка“ и дека привремениот тренер на Мадрид, Алваро Арбелоа, му рекол на Трент дека не е во неговите планови.
Главните забелешки се несигурноста во одбраната и фактот дека не ги покажал очекуваните перформанси од него во офанзивата.
Ова беше познато за дефанзивецот уште пред да дојде во Реал, тоа е неговата главна маана, па затоа е неверојатно што го забележале тоа во „кралскиот клуб“ дури сега и дека Арбелоа морал да реагира на ваков начин.
Во Реал наводно веруваат дека понатамошниот престој само би го продолжил проблемот, па затоа е сè поизвесно дека Трент ќе го напушти Реал на крајот од оваа сезона.
За 27-годишниот бек, сето ова доаѓа во чувствителен момент, бидејќи тој се стреми да го задржи своето место во репрезентацијата на Англија пред Светското првенство. Конкуренцијата за неговата позиција е жестока, па останува да се види што ќе одлучи тренерот Томас Тухел.
Се шпекулира за враќање во Премиер лигата, а секако Ливерпул се споменува како главна опција, кој сигурно би бил среќен да го врати.
Утрово во Шпанија и Германија се пишува дека Баерн подготвува понуда за него.
Трент е под договор со Реал до 30 јуни 2031 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 70.000.000 евра.
Foto/ depositphotos
Спорт
Реал најмногу заработил во сезоната 2024/25 – Ливерпул прв пат ја предводи Премиер лигата
Реал Мадрид е млубот што заработил најмногу во сезоната 2024/25, покажува извештајот од „Дилојт“.
Реал Мадрид, оствари профит од една милијарда и 200 милиони евра, иако минатата сезона не беше ниту шампион на Шпанија, ниту ја освои Лигата на шампионите.
Во првите 10 клуба што заработиле најмногу, има шест од Премиер лигата, 15 во првите 30.
Кога станува збор за Премиер лигата, Ливерпул е „број 1“ во сезоната 2024/25, во која ја освои титулата. Клубот заработил 836,1 милиони евра, односно 702 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед никогаш не бил на пониска позиција на 29 објавени листи на „Дилојт“. Јунајтед е на осмото место оваа година со заработка од 793,1 милиони евра. Манчестер Сити исто така падна на листата. Сити падна од второто на шестото место со заработка од 829 милиони евра.
За Реал, на второто место на листатасе наоѓа Барселона. Гигантот од Каталонија се враќа во првите три за прв пат од сезоната 2019/20. со заработка од 975 милиони евра.
Трет е Баерн Минхен со заработка од 861 милион евра, четврти е победникот на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен со 837 милиони евра.
Првите 20 клуба на листата ја зголемија својата заработка за 11 проценти, тие 20 клуба заработија вкупно 12 милијарди и 400 милиони евра.
Арсенал (седмо место, 821,7 милиони), Тотенхем (деветто место, 672,6 милиони) и Челзи (десетто место, исто како и минатата година, 584,1 милиони) се исто така во првите десет клуба по заработка.
Интер е на 11-то место (537,5 милиони), Борусија Дортмунд е на 12-то место со 531,3 милиони, а потоа следува Атлетико Мадрид со 454,5 милиони.
Топ 20 ги комплетираат Астон Вила, Милан, Јувентус, Њукасл, Штутгарт, Бенфика и Вест Хем.
Спорт
(Видео) Нуркиќ и Ембид со по трипл-дабл ја обележаа ноќта во НБА
Јусуф Нуркиќ и Џоел Ембид со по трипл-дабл ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, го забележа третиот трипл-дабл во кариерата, втор по ред. Тој во поразот на Јута Џез од Сан Антонио Спарс со 109:126, забележа 17 поени, 11 скокови и 14 асистенции. На претходниот натпревар, против Минесота, Нукриќ имаше 18 поени, 18 скокови и 10 асистенции.
По едно продолжение, Филаделфија го победи Хјустон со 128:122, во натпревар кој понуди речиси сè што НБА може да понуди.
Џоел Ембиид беше централна фигура во поголемиот дел од средбата, а во продолженијата блескаше неговиот соиграч Тајрис Макси.
Ембид забележа 32 поени, 15 скока и 10 асистенци. Во дополнителните пет минути, Макси беше незапирлив. Тој го заврши натпреварот со 36 поени и десет асистенции. На спротивната страна, Кевин Дурант беше најефикасен кај Рокетс со 36 поени.
Резултати:
Орландо – Шарлот 97:124
/Банкеро 23 – Милер 20/
Вашингтон – Денвер 97:107
/Џорџ 20 – Вотсон 35/
Далас – Голден Стејт 123:115
/Маршал 30 – Кари 38/
Минесота – Чикаго 115:120
/Рендл 30 – Вајт 22/
ЛА Клиперс – ЛА Лејкерс 112:104
/Ленард 24 – Дончиќ 32/
Портланд – Мајами 127:110
/Шарп 27 – Адебајо 32/

