Спорт
Усик-Џошуа во јуни во Саудиска Арабија!

Обидот на Ентони Џошуа да ги врати титулите во тешка категорија од украинскиот шампион Олександеер Усик ќе се оддржи во Саудиска Арабија на крајот на јуни, јавува „Дејли мејл“.
Иако се очекуваше мечот за ВБО, ИБФ, ВБО и ИБО титулите да се оддржи во Лондон, саудиските организатори ќе платат фантастични 120 милиони долари за го добијат мечот. Џошуа веќе боксуваше во Саудиска Арабија во декември 2019 во римеч со Енди Руиз Јуниор, во меч кој „тежеше“ 80 милиони долари.
Џошуа доби повеќе при во првиот меч, но овојпат Усик, како актуелен шампион ќе добие најмалку 50 отсто поради екстремните услови во кои живее, откако се врати во Украина и стана дел од територијалната одбрана по војната со Русија. Усик доби посебна дозвола од министерството за одбрана и поддршка од градоначалникот на Киев, поранешниот светски шампион во тешка категорија, Виталиј Кличко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Миротиќ две години во Монако

Кошаркарскиот клуб Монако го потврди трансферот на Никола Миротиќ. Црногорецот со шпански пасош со клубот од малото кнежество потпиша две годишен договор.
Миротиќ играше претходните две сезони за Олимпија Милано, во која пристигна од Барселона.
Претходно, тој имаше просек од 17,7 поени со 6,4 скока, две асистенции и една украдена топка по натпревар во ЕЛ.
„Монако е клуб кој е на врвот на Евролигата во последните години и има потенцијал да расте уште повеќе. Сакав нов предизвик, сè уште имам капацитет и затоа решив да дојдам тука“, рече Миротиќ.
Миротиќ беше MВП на Евролигата во сезоната 2021/2022, а има 34 години.
Ја започна својата кариера во Реал Мадрид (2008-2014), а помина неколку години во НБА играјќи за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс.
Претходната сезона, Монако го водеше Василис Спанулис како тренер, откако завршија четврти во регуларната сезона (21-13), стигнаа до завршниот турнир во Евролигата, каде што беа поразени од турскиот Фенербахче.
Пред Миротиќ, клубот ги нагажира центрите Јоан Макунду и Кевариус Хејс, а сите клучни играчи останаа од тимот од минатата сезона, вклучувајќи ги Мајк Џејмс, Ели Окобо, Даниел Теис, Алфа Диало, Џордан Лојд…
Спорт
Њукасл бргу најде замена за Исак

Челниците на Њукасл се во незавидна позиција откако првата ѕвезда, Александар Исак, изрази желба да го напушти „Сент Џејмс Парк“. Оваа шокантна вест го принуди клубот итно да бара замена, на врвот на листата на желби се наоѓа словенечкиот репрезентативец и напаѓач на РБ Лајпциг, Бенјамин Шешко.
Шешко, за кого претходно интерес покажуваше Арсенал, минатото лето потпиша нов договор со РБ Лајпциг до 2029 година.
Не е познато колкава сума бара клубот за Словенецот, познато е само дека на почетокот на преодниот рок Манчестер јунајтед се повлече од преговорите кога Германците побараа 77 милиони евра.
Шешко постигна 39 гола на 87 настапи за Лајпциг, а претходно постигна 29 гола на 79 натпревари за РБ Салцбург. Тој беше импресивен и во дресот на словенечката репрезентација, за која постигна 16 гола на 41 натпревар.
Спорт
Ферстапен за отказот на Хорнер: Така решија менаџерите и акционерите

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека шефовите имале право да го отпуштат досегашниот директор Кристијан Хорнер и додаде дека одлуката нема да влијае на неговата иднина.
„Менаџментот и акционерите одлучија дека сакаат промена и на крајот на денот, тие го водат тимот, јас сум само возач. Значи, што и да одлучат, тие имаат целосно право да прават што сакаат. И во основа тоа се случи“, рече Ферстапен на прес-конференција во Спа, објави „Скај спортс“.
Хорнер беше ненадејно отпуштен на почетокот на јули по 20 години во Ред Бул. Компанијата Ред Бул не прецизираше зошто Хорнер е отпуштен, а тоа се случи поради шпекулациите дека Ферстапен би можел да го напушти тимот.
„Во исто време, гледајќи наназад на тие 20 години во Ред Бул, мислам дека имавме многу, многу одлични години и многу, многу одлични резултати. Секако, има години кога работите не одат толку добро, и мислам дека последната година и пол не беше како што сакавме и менаџментот одлучи да оди во друга насока. И тогаш сите мора да се согласат со тоа и да гледаат напред“, додаде тој.
Хорнер беше заменет на функцијата од Лоран Макис, кој ќе го води тимот за прв пат на претстојната трка за Големата награда на Белгија овој викенд.
Многумина шпекулираат дека Ред Бул го отпушти Хорнер за да ги зголеми шансите да го задржи холандскиот возач по оваа сезона. Исто така, се претпоставува дека лошиот однос на Хорнер со таткото на возачот, Јос Верстапен, влијаел врз одлуката шефот на тимот да добие отказ.
Фото/ Принскрин