Спорт
Вацке: За пет години потроши една милијарда, Гвардиола нема право да ги критукува другите
Првиот човек на Борусија Дортмунд, Ханс-Јоаким Вацке, во пресрет на четвртфиналниот реванш со Манчестер сити во Лигата на шампионите ја коментира минатонеделната изјава на Пеп Гвардиола дека Борусија троши многу пари за менаџерски провизии за да ги носи во клубот најголемите таленти.
Според официјалните податоци, минатата сезона во Дортмунд за менаџерски провизии издвоиле 10 милиони фунти повеќе од Манчестер сити.
„Во последните пет години потрошија речиси една милијарда на нови фудбалери. За пет години!? Кој уште има можност толку да потроши? Гвардиола нема право да ги критикува другите“, рекол Вацке и дополнил.
„Кога почна пандемијата, немавме никаков долг. Не должевме ниту едно евро. Поради тоа, сега сме во комфорна позиција. Не мораме да продаваме, тоа е важно за нас. Богатите клубови мора да разберат две работи доколу сакаат некој наш играч. Прво, немаат шанси и, второ, дека клубот ја одредува цената. Мора да знаат дека цената е таа и дека не постои ниту една друга. Нашето работење е јасно и поштено“.
Вацке потврдил дека Ерлинг Халанд и наредната сезона ќе го носи дресот на Дортмунд.
„Здодевни ми се тие прашања. Јас знам во чиј дрес ќе биде тој од 1 септември“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Да имаше Бог во фудбалот… Папата ќе беше тренер, а Ватикан светски шампион“
Режисерот на историската европска титула на Португалија, со интересна изјава откри што мисли за улогата на верата во спортот.
Летото во 2016 година, Фернандо Сантос и неговите избраници ѝ ја донесоа на Португалија историската прва титула на ЕУРО. Со голот на Едер во продолжението предизвика ја победија Франција со 1:0.
За титулата, 71-годишникот не им припишува никаква заслуга на повисоките сили.
„Да беше така, Ватикан секогаш ќе беше шампион. Ќе стававме свештеници да играат, Папата ќе беше тренер, а тие секогаш ќе беа шампиони! Бог ми помогна многу, но тоа беше на емоционално ниво. Ми даде мир, спокојство и никогаш не ме напушти. Сепак, тој не се грижи за тактички работи“, рече искусниот стручњак со насмевка, за португалски „Рекорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Штолц до ново злато со нов олимписки рекорд
Спектакуларната трка на 500 метри донесе историски исход, тројца лизгачи ја минаа патеката со подобро време од претходниот олимписки рекорд. Златото му припадна на Џордан Столц (21).
Американецот ја запре штоперицата на 33,77 секунди и постави нов олимписки рекорд.
Ова е неговото второ злато на овие Игри, бидејќи претходно триумфираше на 1.000 метри.
За да освои четири златни медали, Столц мора да ги освои преостанатите две трки – 1.500 метри во четврток и масовниот старт во сабота.
Сребрениот медал му припадна на Холанѓанецот Јенинг де Бо со 33,88, додека бронзата му припадна на Канаѓанецот Лоран Дубре, кој ја помина целта за 34,26 секунди.
Поранешниот олимписки шампион Тингуи Гао заврши само на седмата позиција.
Fptp/ EPA
Спорт
(ВИДЕО) Баерн ја продолжува агонијата на Вердер, Хофенхајм им се врати на победите
Вердер Бремен тоне сè подлабоко и подлабоко, во дуелот со Баерн Минхен немаа никакви шанси, на крајот Баварците триумфираа со 3:0.
Два гола од Хари Кејн и еден гол од Леон Горецка го потврдија триумфот на актуелниот лидер. Вердер нема победа од ноември, а ова беше нивниот осми пораз во 12 кола. Баерн ја прекина серијата лоши резултати, еден освоен бод во последните две рунси и ја врати предноста од шест бода во однос на Борусија Дортмунд.
Хофенхајм им се врати на победите, третопласираниот тим во лигата го победи Фрајбург дома со 3:0.
Мајсторскиот гол на Крамариќ во петтата минута беше поништен поради офсајд, но домашните лесно стигнаа до триумфот, со головите на Аслани, Кабрак и Гентри.
Леверкузен го декласираше Санкт Паули со 4:0. Ајнтрахт беше убедлив против Борусија Менхенгладбах со 3:0, а Хамбург победи кај Унион Берлин со 3:2.

