Спорт
„Вајлдер лесно ќе го победи Фјури, само дајте му шанса“
Во Лас Вегас, на 18 јули годинава требаше да се случи завршниот чин од трилогијата меѓу боксерите-тешкаши, Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, меѓутоа тој двобој е одложен, поради пандемијата на коронавирусот во светски рамки.
Шпекулациите се дека двајцата борци би можеле ракавиците да ги вкрстат на 3 октомври, а додека траат нагодувањата, светот го прогнозира победникот.

Поранешниот светски првак, Џорџ Форман смета дека појасот во ВБЦ-категорија повторно ќе биде на телото на Вајлдер.
„Разговарав со Вајлдер, затоа што и јас бев во позиција во која неочекувано загубив во борба за титула. Знам низ што поминува и тој ќе мора да живее со тој пораз од Фјури. А јас можам да му покажам како е да се живее со тоа. Мислам дека Вајлдер може лесно да го победи Фјури, дајте му прилика и ќе покаже“ – изјави Форман за „The Sun“.

Сепак, Форман смета дека Вајлдер сè уште треба да учи.
„Тој е добар, но сè уште не е близу до борци како што се Џо Луис, Џо Фрејзер и Мајк Тајсон“, рече популарниот „Биг Џорџ“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

