Контакт

Спорт

Вајналдум се договорил со Барселона

Објавено пред

Џорџињо Вајнладум од наредната сезона ќе игра во Барселона, тврди познатиот новинар Фабрицио Романо. Според него, Вајналдум на „Камп ноу“ ќе дојде како слободен играч и ќе потпише договор до јуни 2024 година.

Вајналдум ќе биде третото засилување за Барса по Сехио Агуеро и Ерик Гарсија, а се очекува набргу да го договорат и Мефис Депај. Барселона сите ќе ги добие бесплатно бидејќи им истекоа договорите со претходните клубови.

30-годишниот Вајналдум, во неделата, со капитенската лента околу раката, против Кристал Палас, го одигра последниот меч за Ливерпул.

„Сакав да останам во Ливерпул, но не успеавме да се договориме. Тешко ми е, се борам да не заплачам. Неверојатна е љубовта што ми ја дадоа навивачите во овие пет години“, рекол Вајналдум на разделбата со Ливерпул.

Оваа сезона Холанѓанецот одигра 51 натпревар за Ливерпул.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Џенова му нуди договор до 2022. – се чека одлуката на „Гранде“ Пандев

Објавено пред

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација – Горан Пандев (37) на ЕУРО 2020 ја заврши репрезентативната кариера.

Тој во неколку наврати нагласи дека најпрво ќе се одмори, а потоа ќе ја донесе одлуката дали ќе ги „закачи копачките“ и ќе заврши со професионалниот фудбал.

Во меѓувреме, италијанските медиуми пишуваат дека Џенова му нуди нов договор на Македонецот со важност до 2022 година. Неговиот актуелен договор со клубот од југот на Италија истекува на 30. овој месец.

Тренерот на клубот, Давиде Балардини инсистира Пандев да ја продолжи кариерата, но одлуката ќе ја донесе струмичанецот штом спаднат впечатоците од ЕП.

Минатата сезона Горан Пандев постигна 7 гола на 29 натпревари за Џенова – тимот во кој настапува од 2015 година и за кој вкупно има постигнато 28 гола на 156 меча.

Прикажи повеќе...

Спорт

Инсиње го преплаши Имобиле – одлична атмосфера има кај „Азурите“

Објавено пред

Денеска е слободен ден на Европското фудбалско првенство. Поради строгите епидемиолошки мерки фудбалерите имаат ретка можност да ги напуштаат хотелите, па затоа забавата ја бараат секој на свој начин.

Одлична атмосфера владее во таборот на репрезентацијата на Италија, селекцијата која се наметн како еден од неколкуте фаворити за титулата на ЕУРО2020.

На Инстаграм се појави видео снимка на која се гледа како „малиот“ Лоренцо Инсиње се „закача“ со првиот стрелец на „Азурите“ – Чиро Имобиле.

Напаѓачот на Лацио мирно излегува од хотелската соба, но фудбалерот на Наполи имаше изненадување за него:

Прикажи повеќе...

Спорт

„Вратарот“ на Хрватска: Шпанците не трпат кога противникот ја држи топката

Објавено пред

Голманот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Доминик Ливаковиќ денеска изјави дека клуч на победата против Шпанија би можело да биде одземање на поседот на противникот кој „не трпи другиот тим да ја држи топката“.

„Одлична репрезентација се, имаат доста млади, добри играчи. Играат добар пресинг. Створија доста прилики, не им одеше, но се надополнија во последниот меч. Треба на почетокот со нив да играме мирно, паметно, да го издржиме нивниот притисок. Тие не трпат кога другиот тим ја има топката во нозете. Мислам дека ние тоа го можеме“ рече Ливаковиќ.

Мечот меѓу Хрватска и Шпанија е предвиден во понеделник на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.

Иако селекторот Далиќ рече дека во осминафиналето го добија еден од најтешките противници, „вратарот“ Ливаковиќ смета дека ниту на Шпанците не им е многу драго што мораат да играат против Хрватска.

„Сигурно ние не им бевме првиот пик. Ако сакаме далеку да стигнеме, мора да ги победуваме најсилните репрезентации, мора да ги победуваме сите“ смета Ливаковиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа10 минути

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Словачка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка и урна куќи...

Свет14 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија16 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија18 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија18 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион19 часа

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија21 час

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија22 часа

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија23 часа

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет23 часа

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија23 часа

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа24 часа

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија2 дена

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет2 дена

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Топ2 дена

Изгоре камп возило на туристи на Матка

Камп возило на туристи од Полска целосно изгоре на Матка, а уште едно возило е оштетено, соопшти МВР. „Вчера настанал...

Македонија2 дена

Пет нови случаи на Ковид-19, почина 39-годишник од Кичево

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.466 тестирања, а регистрирани се 5 нови случаи на...

Македонија2 дена

Заев: ЕУ има проблем, ние ќе бараме решение и не се откажуваме од заслужената интеграција

„Европа има проблем. Големата идеја за обединета Европа денес има проблем. А проблемот е самата ЕУ. Брисел ни порача дека...

Европа2 дена

Тензии во Црното Море: Руски истрели кон британски воен брод

Руски воен брод испукал предупредувачки истрели кон уништувач на британската кралска морнарица, ХМС Дифендер, откако влегол во руските води во...

Македонија2 дена

Утре и задутре портокалова фаза: Од работа да се ослободат бремените жени и лицата над 60 години

Во текот на следните два дена (четврток и петок), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова...

Досие