Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Де Брујне: Немам недоразбирања со тренерот Конте

Кевин Де Брујне е најголемото засилување што пристигна во Наполи ова лето.
Поранешниот капитен на Манчестер Сити блескаше на натпреварот од Лигата на шампионите против Спортинг. Наполитанците победија со 2:1, а Белгиецот му асистираше на поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд за двата гола.
„Тимски одигравме одличен натпревар. Спортинг е сериозен тим. Не беше лесно кога израмнија, но успеавме да го постигнеме вториот гол и да ја однесеме победата“, рече Де Брујне.
Во последните денови, италијанските медиуми пишуваа за конфликтот на Де Брујне со тренерот Антонио Конте за време на натпреварот од Серија А против Милан.
„Немам никаков проблем со Конте. Медиумите пишуваа секакви работи овие денови. Секогаш ги почитував одлуките на тренерите, тоа е случај и со Конте. Реагирав бурно, бидејќи навистина сакам да победам. И тука завршува приказната“, рече Де Брујне.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Манчестер Јунајтед потпиша тинејџер од Колумбија

Кристијан Ороско, 17-годишен тинејџер од Колумбија, е нов член на Манчестер Јунајтед.
Англискиот клуб за Ороско на Форталеза и плати обесштетување од плати еден милион долари.
Адвокатите на Манчестер Јунајтед ги одобрија сите договори, а главниот скаут Антоначио беше медијатор.
Ороско игра како заден играч за врска, а одигра девет натпревари за репрезентацијата на Колумбија до 17 години.
Спорт
Мажиќ го избра најдобриот судија и најголема грешка во историјата на фудбалот

Милорад Мажиќ, раководител на одделот за судење и инспекција на Руската фудбалска федерација, откри кого го смета за најдобар судија во историјата на фудбалот.
Србинот е вработен во најголемата земја во светот од 2023 година, а во интервју за Спорт-експрес, го издвои судијата број 1.
„Без сомнение, Пјерлуиџи Колина е најдобар. Поади него јавноста и навивачите го сменија мислењето за судиите, системот, воведе конзистентност. Работел во многу земји – бев во Саудиска Арабија и САД, нема попознат судија во светот“, рече Мажиќ.
Колина ја започна својата судиска кариера во 1977 година, а се пензионираше во 2005 година. Шест години по ред (од 1998 до 2003 година), тој беше најдобриот судија во светот, избран од Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (IFFHS). Во 2011 година, беше примен во Куќата на славните на италијанскиот фудбал. Од 2017 година, Колина ја води судиската организација на ФИФА.
За Мажиќ, најголемата грешка на судијата во историјата е голот на Диего Марадона во четвртфиналниот натпревар на Светското првенство во 1986 година помеѓу Аргентина и Англија.
„Ако се обидеме да се дистанцираме од емоциите, првото нешто што ни паѓа на ум е „Божјата рака“ на Марадона. Судијата на теренот не виде дека играше со рака и го призна голот. Но… тоа е Марадона – сфаќате што значи. Кој го критикуваше тогаш Марадона? Никој. Сите го нападнаа судијата“, нагласи Мажиќ.
Фото/ Принтскрин