Спорт
Валенсија потпишаа со Силесен и му подарија кломпи! (видео)

Валенсија го потврди трансферот на голманот на Барселона, Јаспер Силесен на необичен начин, откако на официјалниот Твитер профил го покажаа Холанѓанецот како потпишува нешто, па добива традиционални холандски кломпи со грбот на „лилјаците“.
Силесен имаше само 32 настапи за Барселона, не наоѓајќи место во првиот тим покрај Марк-Андре Тер Штеген на „Ноу Камп“, и поголем дел од настапите беа во куп натпреварувањата, со само пет настапи во Ла лига.
И покрај ова, тој остана прв избор во холандската репрезентација под водство на Роналд Куман, одигрувајќи ги сите натпревари во Лигата на нации. Сега, се очекува да има трансфер и во друга насока, откако бразилскиот голман Нето би се преселил на „Ноу Камп“, но тоа ќе почека до 1 јули, за да почне официјалниот преоден рок.
Big shoes to fill? No problem for this guy…
Surprised? Nou breekt mijn klomp? ? pic.twitter.com/mmP7CkN9Qq
— Valencia CF English ?? (@valenciacf_en) June 25, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матео Францозо (25) почина во Чиле

Италијанскиот скијач Матео Францозо трагично го загуби животот еден ден пред неговиот 26-ти роденден откако падна за време на тренинг во Чиле.
Несреќата се случи два дена претходно на патеката во Ла Парва, од каде што беше префрлен со хеликоптер во Сантијаго, главниот град на јужноамериканската земја.
Момчето од Џенова помина два дена во индуцирана кома пред лекарите да го прогласат за мртов. Немаше начин да се спаси по бројните и тешки повреди на главата.
Францозо се натпреваруваше во најопасните дисциплини на алпско скијање – спуст и супер велеслалом.
Во својата кариера, тој забележа една победа во Европскиот куп, во супер велеслалом во Чинал, Швајцарија, додека две години подоцна стана шампион на Италија во алпска комбинација.
Двапати заврши меѓу првите 30 на трките од Светскиот куп – беше 28-ми во 2023 година во Кортина д’Ампецо и минатиот февруари во Кранс-Монтана, Швајцарија, каде што заврши 30-ти – двата пати во супер велеслалом.
Скијачкиот свет се збогува со Матео. Во соопштението на Светската скијачка федерација се огласија бројни скијачи од самиот светски врв.
„Моите мисли и емоции се со семејството на Матео, пријателите, тимот и целата наша заедница“, напиша Микаела Шифрин, а слични коментари оставија и Феликс Нојретер, Кјетл Јансруд, Александар Амодт Килде, Марко Шварц, Дидие Куше, Аксел Лунд Свиндал…
Но, покрај изразувањето сочувство, многу стручњаци и фанови повикуваат на зголемена безбедност.
„Оваа трагедија сега бара достоинствено молчење поради тагата на неговото семејство, пријателите и колегите во големото скијачко семејство. Сепак ќе биде потребно посилно да се справиме со прашањето за безбедноста, патеките со несериозна заштита или со лошо одржување. Сериозни проценки, одлуки, акции. Нека сеќавањето на Матео, кој утре ќе наполнеше 26 години, биде поттик за спречување на други слични трагедии“, рече италијанската новинарка Лиа Капици.
Спорт
Арсенал без капитенот во Шпанија

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата.
„Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“.
Одегар го напушти натпреварот во 17-та минута откако падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.
Ни Одегар ниту Букајо Сака, кој има проблеми со повреда на тетивата, не тренираа со тимот пред мечот во Билбао.
Сака се повреди против Лидс на 23 август и ги пропушти последните два натпревари, а Артета рече дека нема информации за враќањето на англискиот репрезентативец во составот.
„Мислам дека сè уште има многу работи што треба да се поминат. Прерано е да се знае за кој натпревар ќе биде достапен, но сигурно ќе се обиде да го направи што е можно поскоро“, додаде шпанскиот тренер.
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијамс Салиба, кој го пропушти натпреварот против Форест, тренираше со соиграчите. денес.
Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик ќе се игра во вечерва во 18:45 часот во Билбао.
Спорт
Јувентус одбил 70 милиони евра за Јилдиз

Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“.
Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“.
Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“.
„Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го покажува и планот за продолжување на неговиот договор до 2030 година, со зголемување на платата.
Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз брзо се етаблираше и стана незаменлив член на стартната постава.
Foto/ EPA