Спорт
Валиева може да биде шампионка без медал, но вели дека ќе одговори достојно
Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) нема да одржи церемонија за доделување на медали во женското уметничко лизгање доколку руската тинејџерка Камила Валиева е меѓу освојувачите на едно од првите три места, и покрај тоа што Судот за арбитража во спортот (ЦАС) ` дозволи настап на Олимпијадата во Пекинг.
Од олимпиското движење исто така потврдија дека нема да има доделување на медали за тимското натпреварување во Пекинг, во кое победија Русите предводени токму од 15-годишната Валиева.
„Во интерес за фер однос кон сите спортисти и национални олимписки комитети, нема да биде соодветно да се одржи доделување на медалите за тимското натпреварување во Пекинг бидејќи ќе вклучува спортист кој има позитивен А-примерок, но нее докажано прекршување на анти-допинг правилата. Доколку госпоѓица Валиева заврши меѓу првите тројца во женското натпреварување, нема да има церемонија со цвеќиња и доделување на медали“, се вели во објавата на Извршниот одбор на ИОЦ.
Итното заседание на Судот за арбитража во спортот (ЦАС) денеска одлучи дека Валиева може да настапи на Олимпијадата и покрај тоа што имаше позитивен тест во декември на рускиот шампионат. ЦАС посочи дека Валиева е „заштитена личност“ според кодот на Светската антидопинг агенција (ВАДА) поради нејзината возраст. ИОЦ, ВАДА и Светската лизгачка унија (ИСУ) сакаа да ја суспендираат тинејџерката и де не и дозволат настап во Пекинг.
Самата Валиева, во своето прво интервју по скандалот, за рускиот „Канал 1“ вели дека поминала низ многу емоции.
„Ова беа многу тешки денови за мене, како да не беше доволно што има толку емоции. Среќна сум, но во исто време емоционално уморна. Плачам од среќа, но и со мала тага. Среќна сум што сум на Олимпијадата да ја претставувам мојата држава и се надевам дека тоа ќе го направам достојно. Ќе покажам со мојот резултат. Седум часа седев на сослушувањето, имавме само една 20-минутна пауза. Благодарна сум на поддршката од Русија. Ќе отворам Инстсаграм и добивам многу пораки со поддршка“, вели Валиева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот: Поредата на Вирц е удар за него и за клубот
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, пред натпреварот со Вест Хем изјави дека десниот бек Џереми Фримпонг е подготвен да се врати на теренот по едномесечна пауза, но дека натпреварот ќе го пропушти Флоријан Вирц.
Шампионот на Англија ги пречекува „Чеканите“ во натпреварот од 28-то коло од Премиер лигата, кој ќе се игра на „Енфилд“ попладнево од 16 часот.
Фримпонг, последниот натпревар го одигра на против Карабаг на 28 јануари.
„Џереми ќе биде во конкуренција за Вест Хем. Тој тренираше со нас неколку пати оваа недела и ќе биде во ростерот. Не очекувам Флоријан да биде во тимот, што секако е разочарување“, рече Слот, додавајќи:
„Секој пат кога некој играч не е достапен, тоа е разочарување, а ова е нешто што не го очекував по минатата недела. Сепак, понекогаш работите се развиваат на таков начин и, за жал, овој пат не на позитивен начин.“
Тренерот на Ливерпул нагласи дека не е јасно кога точно репрезентативецот на Германија би можел повторно да игра.
Фото/ depositphotos
Спорт
Започна сезоната во Мото ГП – Спринтот во Тајланд му припадна на Акоста
Возачот на КТМ рејсинг, Педро Акоста, ја забележа првата победа во кариерата, откако славеше во спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна годинашниот шампионат во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со актуелниот шампион, Марк Маркез што траеше неколку круга. Актуелниот шампион беше подобар во нивниот дуел, но во моментот кога успеа да го мине ривалот, имаше контакт меѓу нив двајца, поради што му беше наредено да ја врати позицијата, што и го направи, а потоа немаше шанса да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандес од Тракхаус, а трката беше обележана и со падот на освојувачот на пол-позицијата, Марко Бецеки.
Извиредниот спринт за Трехаус ја комплетира Аи Огура. јапонецот трката ја заврши на четвртото место, беше подобра од шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин на Априлија.
Големата награда на Тајланд во кралската класа започнува во недела во 9 часот наутро, а акцијата во Бурирам започнува во 6 часот наутро со првата трка во сезоната во категоријата Мото3.
Спорт
Чоло Симеоне сака да го види синот на Дејан Станковиќ во Атлетико
Александар Станковиќ е еден од најбараните млади фудбалери во Европа, по Борусија Дортмунд, интерес за српскиот играч од средниот ред покажа и Атлетико Мадрид.
Како што стојат работите сега, Клуб Бриж би можел да заработи огромна сума пари од продажбата на 20-годишниот фудбалер кого го доведоа од Интер на почетокот на сезоната за 9,5 милиони евра.
Нероаѕурите имаат клаузула што им овозможува да го откупат назад својот поранешен играч, се шпекулира дека цента за Интер е околу 23 милиони евра, но цената на Станковиќ постојано расте и веќе достигна 40 милиони евра.
Шпанското радио „Марка“, објави дека тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, побарал од спортскиот директор, Матеу Алемани, да почне да работи на трансферот на Станковиќ.
Тренерот на Алетико, во кариерата беше соиграч со таткото на Александар Станковиќ во Лацио. Квалитетите на синот на актуелниот тренер на Црвена звезда, Аргентинецот можеше да ги види неодамна кога Атлетико и Бриж играа во плејофот од Лигата на шампионите.
Александар Станковиќ постигна седум гола и пет асистенции на 41 натпревар за Бриж оваа сезона.
Минатата година против Латвија тој го имаше дебито во репрезентацијата на Србија.

