Спорт
Валверде во Реал до јуни 2029 година
Реал Мадрид во четвртокот објави дека го продолжил договорот со Федерико Валверде.Уругваецот, според новиот договор ќе остане во Реал до јуни 2029 година.
Валверде пристигна во клубот во јули 2016 година кога имаше само 18 години.
Во шесте сезони поминати во Реал одигра 220 натпревари и постигна 19 голови.
Валверде освои девет титули со мадридскиот клуб – Лигата на шампионите, две Светски клупски првенства, УЕФА Суперкупот, две титули во шпанската Лига на шампиони, една титула во Купот на кралот и два шпански Суперкупа.
Во изминатите две недели Реал потпиша нови договори со петмина фудбалери. Пред Валверде, клубот нови договори им даде на Бразилците, Винисиус Жуниор, Родриго, Едер Милитао и францускиот репрезенттативец, Едуардо Камавинга.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Уште еден голем пријател на Меси пред трансфер во Интер
Уште еден пријател на Лионел Меси наскоро би можел да пристигне во Интер Мајами. Како што пренесува ЕСПН, Анхел Ди Марија ги започнал преговорите со Дејвид Бекам.
„Ди Марија сериозно преговара со Мајами и можеби тој ќе стане челн на тимот веќе во јули. Таа опција му се допаѓа на Фидео (прекар Ди Марија)”.
На Анхел Ди Марија договорот со Бенфика му истекува на крајот од сезоната.
Ди Марија и Меси долги години се соиграчи во репрезентацијата на Аргентина, со која го освоија Светското првенство во 2022 година.
Интересно е тоа што Ди Марија отсекогаш имал голема желба да игра со Меси, а уште додека играше во Реал Мадрид заедно со Кристијано Роналдо велеше дека Меси е најдобриот фудбалер на светот.
Спорт
(Видео) Шоу на Ел Каби против Астон Вила, Фиорентина во 91.минута го скрши Бриж
Во првите полуфинални натпревари на Конференциската лига, Олимпијакос победи со 4:2 против Астон Вила во Бирмингем, додека Фиорентина го совлада Клуб Бриж со 3:2. Реваншите се за седум дена во Грција и Белгија.
Олимпијакос одигра сензационално против Астон Вила, среде Бирмингем имаше двојно помал посед на топката, помалку шанси и помалку удари кон голот на противникот, но успеа да постигне четири гола.
Вистински херој е напаѓачот Ел Каби кој постигна хет-трик.
Ел Каби погоди во 16. минута, па во 29. минута, но впечатокот грчкиот тим го распиа во финишот на првиот дел, во 46.минута кога Воткинс го намали резултатот.
Тој гол донесе офанзива на Вила на почетокот на вториот дел, која ја материјализираше Дијаби.
Вториот гол на Вила не ги поремени играчите на Олимпијакос, набргу Ел Јаби од пенал во 56. минута погоди за 3:2, а Хезе иа ја врти предноста од два гола на црвено-белите од Пиреа.
Вила имаше шанса да го намали резултатот, но во 84. минута Даглас Луиз од пенал ја погоди стативата.
Фиорентина двапати имаше предност против Бриж. Сотил беше стрелец во петтата минута од играта, а израмни Ванакен од пенал во 17. минута. Белоти повторно и го врати водството на Фиорентина во 37. минута. Во продолжение Бриж остана со играч помалку во 61.минута, кога за само три минути Оњедика доби два жолти каротн.
Две минути по црвениот картон на Оњедика, Игор Тиаго го изедначи резултатот.
На крајот, сепак, Фиорентина сепак успеа да забележи победа. Голот за 3:2 го постигна Нзола во 91.минута.
Спорт
(Видео) ЛЕ: Баер зачекори во финалето, Аталанта избори реми во Марасеј
Баер Леверкузен победи на „Олимпико“, со што направи џиновски чекор кон пласманот во финалето на Лига Европа. На добар пат да му се придружи е и Аталанта која одигра нерешено со Олимпик во Марсеј.
Четата на Чаби Алонсо нема намера да запре, од почетокот на сезоната се уште нема пораз. Вечерва новиот шампион на Германија ја победи Рома во Рим со 2:0, во првиот полуфинален натпревар во Лига Европа.
„Фармацевтите“ водеа со 1:0 по првиот дел со голот на Вирц цо 28.минута, а победата ја потврди Андрих со спектакуларен гол во 73.минута.
На „Велодром“ во Марсеј сите дилеми околу конечниот резултат беа решени во првите 20 минути. Скамка и донесе предност на Аталанта во 11.минута, девет минути подоцна изедначи Мбемба.
Реванш натпревари на програмата се наредниот четврток.