Спорт
Ван Бастен: Луѓето кои ги споредуваат Меси и Роналдо не го разбираат фудбалот

Марко ван Бастен, легендарниот холандски напаѓач и трикратен освојувач на Златната топка, реши да го даде својот глас во вечната дебата за тоа кој е подобар играч, Лионел Меси или Кристијано Роналдо. Славниот напаѓач на Ајакс, Милан и на холандската репрезентација не бираше зборови за луѓе кои имаат спротивен став.
„Кристијано е одличен играч, но тие што велат дека е подобар од Меси немаат поим за фудбалот или самите не веруваат во она што го зборуваат. Меси е единствен. Невозможно е да се имитира и невозможно е да се повтори. Играч како него е се раѓа еднаш на секои 50 или 100 години. Како дете паднал во тенџерето на фудбалската генијалност“, изјави тој за италијанскиот „Кориере дело спорт“.
Интересно, според Ван Бастен, ниту еден од нив нема место меѓу тројцата најдобри играчи во историјата.
„Тројцата најдобри досега се Пеле, Диего Марадона и Јохан Кројф. Кројф ми беше пријател и многу ми недостига. Како дете секогаш сакав да бидам како Кројф. Меси е одличен играч, но Марадона секогаш носел повеќе лидерство во тимот. Меси никогаш пред соиграчите не се поставува како личност која ќе ве води во војна“, заклучи легендарниот Холанѓанец од Утрехт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Љупчо Марковски, Елиф Елмас не го заборава својот клуб (ФОТО)

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.
Спорт
Интер мора да се ослободи од Џеко и од Санчез за да го доведе Дибала

Италијанскиот вицепрвак Интер и понатаму е во преговори со Пауло Дибала, но мора да се ослободи место во тимот за да може да го комплетира неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“.
Един Џеко и Алексис Санчез мора да го напуштат Интер за да дојде Пауло Дибала, пишува „Газета дело Спорт“.
Белгиецот Ромелу Лукаку исто така се враќа во Интер како позајмен играч, па тренерот Симоне Инзаги и раководството на клубот ќе мора да продадат дел од фудбалерите за да можат да доведат и нови имиња.
Спорт
Георгиевски и Заборска македонски знаменосци на отворањето на Медитеранските Игри

На свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир 2022, знаменосци на делегацијата на Македонија ќе бидат Дејан Георгиевски (таеквондо) и Симона Заборска (карате).
Стартот е закажан за 21 часот по локално време.
Нашата делегација на игрите брои 114 членови што е најмногу во историјата на Македонија на Медитеранските игри.