Спорт
Ван Дајк не е сигурен дали ќе остане во Ливерпул
Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк не е сигурен за својата иднина на „Енфилд“. Холанѓанецот ова го изјави по вчерашниот натпревар со Норич во ФА Купот.
Навивачите на Ливерпул, во петокот на 26 јануари, дожиеаја шок кога Јирген Клоп и соопшти на јавноста дека ќе го воси тимот до завршувањето на сезоната, а потоа ќе го напушти „Енфилд“. Клоп има договор со Ливерпул до јуни 2026 година.
Сега пред челниците е ташка задача да најдат тренер кој ќе го замени Германецот. Мора да најдат вистинско решение бидејќи водечките играчи, меѓу кои е и капитенот Ван Дајк, со нетрпение очекуваат да видат какви потези ќе повлече клубот.
„На клубот му претстои тешка работа, многу работи ќе се променат. Многу сум љубопитен да видам во која насока ќе се движи. Ќе ја видиме нашата ситуација “, изјави Холанѓанецот.
„Атлетик“ пренесува дека сопствениците на Ливерпул во моментов имаат две имиња на списокот: Чаби Алонсо од Баер Леверкузен и Роберто де Зерби од Брајтон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

