Спорт
По 19 години, Ван Гал се врати во Ајакс
Луис Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс. Искусниот стручњак ќе ја има улогата на советник во најтрофејниот клуб во Холандија, кој е во голема криза.
Тој ќе го замени Јан ван Халст, кој реши да се пензионира на крајот на својот мандат. Ова ќе биде трет мандат за трофејниот тренер во Ајакс.
Во Амстердам беше од 1988 до 1997 година, кога беше на чело на помладите категории, потоа беше асистент, а потоа и шеф на стручниот штаб. На Ајакс му го донесе трофејот во Лигата на шампионите во 1995 година.
Во текот на 2004 година кратко време беше технички директор.
Ван Гал во кариерата работеше и во Барселона, Алкмар, Баерн и Манчестер јунајтед.
„Сакам да му помогнам на Ајакс. Живеам во Португалија и ми одговара улогата на надворешен соработник. Можам да му го понудам моето знаење на надзорниот одбор“.
Ајакс моментално минува низ некои од најлошите моменти во својата 123. годишна долга историја. Минатата недела го загубија дербито против Феенорд со 4:0. Моментално се на 15. место на табелата во Ередивизија.
Минатата недела беше разрешен спортскиот директор Свен Мислинат, а се очекува и заминување на претседателот Пјер Еринг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Победа на Вардар за крај на есенскиот дел

Бранителот на шампионската титула Струга замина на зимската пауза првопласирана на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираше над Брегалница во еден од петте натпревари со кои се комплетираше 18. коло.
Со трите бодови освоени на домашниот терен со гол постигнат во судиското продолжение, фудбалерите на Струга ја задржаа предноста пред второпласираниот Шкупи, кој забележа гостинска победа во Струмица над Брера.
Натпреварите во ПМФЛ продолжуваат на 18 февруари идната година.
Резултати – 18 коло:
Вардар – Тиквеш 2-0
Брера – Шкупи 0-1
Шкендија – Силекс 3-1
Струга – Брегалница 2-1
Воска – Работнички 3-2.
Гостивар – Македонија ЃП 1-0 (сабота)
Табела: Струга 39, Шкупи 38, Шкендија 35, Силекс 27, Гостивар 24, Работнички 23, Тиквеш 22, Брера 20, Воска 20, Македонија ЃП 18, Брегалница 17, Вардар 17
Спорт
Габри повторно се повреди

Фудбалерот на Баерн Минхен, Серж Гнабри го повреди бутот и ќе мора повторно да отсуствува од теренот, соопшти денеска германскиот шампион.
Во саботата на натпреварот против Ајнтрахт, кој неговиот тим го загуби со 1:5, Гнабри во игра влезе од клупата за резерви во 66.минута, пет минути подцна го напушти теренот поради повреда.
Баерн објави дека Гнабри ја повредил тетивата на левиот бутен мускул и ќе ги пропушти „следните натпревари“.
Клубот не соопшти кога Гнабри ќе се врати, но тој може да ги пропушти преостанатите три натпревари до крајот на годината, два во Бундес лигата и пресметката на Олд Трафорд против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите.
Германскиот фудбалер сезонава имаше проблеми со повреди, откако во септември на дуелот против Преусен Мунстер во Купот ја скрши раката и одигра само пет натпревари во Бундеслигата, вклучувајќи го и вчерашниот.
Спорт
Дардер го одбил повикот од Барселона

Серхи Дардер, со години беше лидер на Еспањол, а откако тимот испадна од Примера, тој одбил да се пресели во Барселона.
Дардер (29), откри дека во летниот преоден рок добил понуда од градскиот ривал на Еспањол, Барселона.
„Имав можност да потпишам со Барселона ова лето, тешко е да се одбие таков тим. Маночу часови поминав во размислување што да правам. Но, кога главата се олади, разумот не ми дозволи да прифатам, со оглед на тоа што бев во Еспањол. Ниту 1% од мене не можеше да го прифати тоа. Еспањол секогаш ќе биде клубот на мојот живот, не гледам друга опција“, рече Дардер.
Серхи Дардер, во летниот преоден рок сепак го напушти Еспањол. Интересно е што се реши кариерата да ја продолжи во Мајорка, и покрај тоа што за него се интересираа и Барселона и Атлетико Мадрид.
Мајорка за трансферот на Дардер издвои осум милиони евра.