Спорт
Ванеса Брајант бара „стотина“ милиони отштета од хеликоптерската компанија
Ванеса Брајант бара огромна отштета од хеликоптерската компанија вклучена во падот на леталото во јануари во кое животот го загубија НБА-легендата Коби Брајант и нивната ќерка Џиџи, тврдејќи дека семејството загубило „стотина милиони“ во потенцијални приходи.
41-годишниот Брајант и 13-годишната Џана ги загубија животите заедно со уште седум патници кога хеликоптерот со кој патуваа се урна во Калифорнија. 38-годишната Ванеса Брајант во понеделникот го поднесе својот случај до Врховниот суд во Лос Анџелес против „Ајланд експрес хеликоптерс“ компанијата, чиј пилот Ара Зобајан беше меѓу загинатите на 26 јануари. Документите до кои стигнаа американските медиуми не ја кажуваат точната сума, но посочуваат дека тие загубиле неколку стотини милиони долари во приходи.
„Како резултат на смртта на Коби Брајант и ЏБ, Ванеса Брајат бара економска отштета, не-економска отштета и други мерки кои судот ќе ги смета за праведни“, се вели во тужбата.
Коби Брајант покрај милионите кои ги заработи додека беше активен кошаркар, по пензионирањето ја стартуваше „Мамба спорт академијата“, како и мултимедиската компанија „Гранити студиос“, која доби Оскар за краткиот филм „Драга кошарка“.
Ванеса Брајант уште во февруари поднесе тужба за убиство од небрежност против „Ајланд експрес хеликоптерс“ тврдејќи дека пилотот не направил исправна проценка на временските услови кои резултирале со несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

