Спорт
Ванеса Брајант скршена од тага: Зошто јас се будам секое утро, а мојата Џиџи не?
Скршена од тага за сопругот Коби и ќерката Џиџи, Ванеса Брајант својата болка ја опишува на социјалните мрежи.
Таа на Инстаграм напиша зборови кои се чини „го топат и најтврдото срце“:

„Неслучајно своите чувства ги преточувам во зборови. Мојот мозок не прифаќа дека Коби и Џијана повеќе ги нема. Не можам да разберам во исто време дека ги нема ниту двајцата. Додека се обидувам да процесуирам дека го нема Коби, моето тело одбива да прифати дека мојата Џиџи никогаш нема да се врати. Се е погрешно. Зошто јас да се будам секое утро, а моето девојче ја нема таа можност? Лута сум. Пред неа беше живот. Тогаш сфаќам дека морам да сум јака за моите три ќерки. Лута сум што не сум со Коби и Џиџи, но и благодарна што сум тука, со Наталија, Бјанка и Капри. Знам дека тоа е нормално. Тоа е дел од процесот на тагување. Само сакав да споделам како некој се чувствува кога ќе доживее таква загуба. Би сакала да се овде и оваа ноќна мора да е готова. Се молам за сите жртви на оваа страшна трагедија. Ве молам, продолжете да се молите за нив“ напиша Ванеса на Инстаграм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

