Спорт
Ванвлит ја заврши сезоната пред да започне
Американскиот кошаркар, играчот на Хјустон Рокетс, Фред Ванвлит, се повреди пред почетокот на НБА сезоната.
Според Шемс Чаранија од ESPN, Ванвлит го скинал предниот лигамент и тоа би можело да значи дека сезоната е завршена пред да започне за плејмејкерот на Рокетс.
Со оваа повреда се намалуваат сите шанси тимот на Хјустон да биде конкурентен оваа сезона во НБА.
Ванвлит минатата сезона имаше просек од 14,1 поен, 3,7 скока и 5,7 асистенции по натпревар.
Иако тимот имаше големи амбиции оваа сезона, со оглед на ангажирањето на Кевин Дурант, се чини дека ќе биде тешко да се постигнат, со оглед на тоа што бековската линија на Хјустон е многу тенка со отсуството на Ванвлит.
Рокетите можеби сега ќе излезат на пазарот за да најдат плејмејкер за оваа сезона.
Фото/ Принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Фото) Жестока провокација од романските хулигани пред мечот со БиХ во Зеница
Вечерва, со почеток во 20:45 часот, во Зеница ќе се игра квалификациски натпревар за Светското првенство помеѓу Босна и Херцеговина и Романија. БиХ моментално е втора во групата со 13 бода, Романија има десет. Австрија е лидер со 15 бода, а сите три репрезентации треба да одиграат уште два натпревари до крајот на квалификациите.
Пред дуелот во Зеница, главна тема се романските навивачи. На пат кон Зеница тие поминаа низ Белград, се сликаа со транспарент, пред храмот Свети Сава, кој предизвика жестока реакција во Босна и Херцеговина.
На социјалните мрежи се појави фотографија со транспарентот подготвен од романските навивачи, на кој на англиски јазик беше напишана поддршка за воениот злосторник, Ратко Младиќ.
„Младиќ е европски херој, ги сведува муслиманите на нула“, пишува на транспарентот.
15.11.2025, Dinamo Bucharest🇹🇩 in Serbia🇷🇸 before Bosnia🇧🇦, click for more here: https://t.co/zZBoMT3m7T
All in one place. Tap to download.
🔗 https://t.co/FXnrFRp1rX pic.twitter.com/49Ftz7dyYY— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) November 15, 2025
Спорт
(Видео) Белгија не успеа да победи во Казахстан
Фудбалерите од Казахстан и Белгија одиграа нерешено 1:1 во натпреварот од претпоследното коло од Групата Ј од европските квалификации за Светското првенство.
Белгијците не го оправдаа својот статус на големи фаворити во далечната Астана, но сепак се единствените што се прашуваат за првото место и директен пласман на Светското првенство.
Тие имаат 15 бода на првата позиција, два повеќе од Македонија и пет од Велс (кој има натпревар помалку).
Белгија, во вторник има зицер, во во Лиеж ќе го пречекаат аутсајдерот Лихтенштајн и со победа ќе ја завршат работата, па дури и со бод бидејќи имаат многу подобра гол-разлика од своите ривали.
Казахстан ги шокираше гостите и поведе во деветтата минута, по одличен пробив и прецизен удар на суперталентираниот иден играч на Каират, кој веќе е продаден во Челзи, Дастан Сатпаев.
Бод за Белгија, која не е истата екипа без Куртоа, Де Брујне и Лукаку, донесе Ханс Ванакен во 48-та минута.
Репрезентацијата на Казахстан денес го заврши овој циклус, тие собраа 10 бода, што е извореден резултат за оваа репрезентација.

Спорт
Спринтот во Валенсија за Алекс Маркез
Возачот на Гресини, Алекс Маркез, е победник на спринтот на Големата награда на Валенсија во шампионатот Мото ГП.
Второто место го освои асот на КТМ, Педро Акоста, а подиумот го комплетираше Фабио Ди Џанантонио, ас на тимот ВР46.
Раул Фернандез ја помина целта на четвртото место во Тракхаус, а по него следеше Марко Бецеки од Априлија. Италијанецот ја имаше пол-позицијата, но по лошиот старт „падна“ на шестото место.
Шестото место му припадна на Франко Морбидели на ВР46, пред Фабио Куартараро од Јамаха, возачот на КТМ, Бред Биндер, Аи Огура од Тракхаус и Жоан Зарко од ЛЦР Хонда.
Утре на патеката „Рикардо Тормо“ се вози последната трка во сезоната, стартото е закажанн за 14 часот.

