Спорт
Вардар остана без тренер, Васоски се повлече од функцијата

Фото/ facebook.com/FKVardarSkopje
Александар Васоски го напушти Вардар. 44.годишниот тренер, на социјалните мрежи објави дека поднел оставка на функцијата.
Александар Васоски, неодамна го прослави 100.натпревар како тренер на Вардар, функцијата ја презеде во август од Бобан Гнчаров.
„Ветив дека до декември ќе му помогнам на клубот, надевајќи се дека ситуацијата ќе се подобри, меѓутоа очигледно се нема слух и стратегија од луѓето кои треба да донесат одлуки за доброто на клубот. Не можејќи повеќе да го носам товарот на таквото функционирање, се повлекувам од тренерската позиција во Вардар. На клубот му посакувам најубаво во иднина!!!, напиша меѓу другото Васоски на својот профил на Фејсбук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Федерер стана милијардер

Поминаа три години откако Роџер Федерер ја заврши својата кариера, но и покрај тоа популарноста на швајцарскиот тенисер не опаѓа.
Всушност, како што проценува „Форбс“, 44-годишникот од Базел сега има богатство од 1,1 милијарда долари.
Неговото богатство се зголеми благодарение на добриот бизнис на брендот „Он“, кој продава патики.
Федерер, чии родители работеле во фармацевтската индустрија, зад себе има импресивни тениски достигнувања, а во текот на кариерата заработил 131 милион долари само од турнирите.
Пред него се само неговите најголеми ривали, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
„Форбс“, наведува дека Федерер соработувал со огромен број спонзори низ годините, од кои некои соработувал со децении. Меѓу спонзорите чие лице беше Федерер се Lint, Mercedes-Benz, Rolex, Moët & Chandon…
Тој е еден од само седумте спортисти кои станале милијардери додека сè уште биле активни во својот спорт, другите се кошаркарот Леброн Џејмс, боксерот Флојд Мејведер, голферите Фил Микелсон и Тајгер Вудс, и фудбалерите Кристијано Роналдо и Лионел Меси.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Наполи минатото лето одбил 200 милиони евра за Кварацхелија и за Осимен

Сопственикот на Наполи и филмски продуцент Аурелио Де Лаурентис (76) откри дека минатото летото, за време на Европското првенство во Германија, ПСЖ му понудил повеќе од 200 милиони евра за напаѓачите Хвича Кваратцхелија и Виктор Осимен, објавија италијанските медиуми.
Кваратцхелија беше најдобриот играч на грузискиот Динамо од Батуми и пристигна во Наполи во јули 2022 година во трансфер вреден 13 милиони евра. Нигерискиот централен напаѓач Осимхен дојде во клубот Везув две години претходно и беше најскапиот играч во историјата на Наполи, кој плати 79 милиони евра како отштета за него на францускиот Лил.
Двајцата се истакнаа во сезоната 2022/23, кога Наполи ја освои својата трета италијанска титула по 33 години чекање. Осимен беше најдобар стрелец во лигата со 31 гол, а Кваратцхелија, кој постигна 14 гола и 17 асистенции, беше прогласен за најкорисен играч во Серија А.
„Кваратцхелија брилијантен во својата прва сезона во нашиот клуб, па му понудивме подобар и значително побогат договор во летото 2023 година. Сепак, неговиот менаџер само одложуваше, очигледно веќе имаше други планови тогаш“, рече Де Лаурентис.
Минатото лето, раководството на Наполи доживеа шок кога Осимхен одби да игра за Наполи и побара да биде ставен на трансфер листата.
„За време на Европското првенство во Германија, Осимен нè изненади сите кога рече дека повеќе не сака да игра за Наполи. Отидов во Дизелдорф за повторно да преговарам со менаџерот на Кваратцхелија, а тој ме бомбардираше со приказни за тоа како му должиме пари, кои наводно му беа ветени на Кваратцхелија, а не беа платени. Тоа беше целосна лага.
Потоа ПСЖ понуди повеќе од 200 милиони евра за нив двајца. Ќе беше најлесно доколку тогаш ги продадевме во ПСЖ. Но, ја одбив понудата на ПСЖ затоа што му ветив на тренерот Антонио Конте, кој штотуку го презеде клубот, во врска со играчкиот кадар и не сакав да го прекршам зборот“, објасни Де Лаурентис.
Ултиматумот на Осимен ги врза рацете на сопственикот на Наполи и единствениот избор беше да го испратат некаде на позајмица затоа што имаше договор со Наполи до јуни 2026 година. На крајот, тој заврши на позајмица во Галатасарај, за кој постигна 37 гола минатата сезона.
Кваратцхелија остана во Наполи, но неговите перформанси беа значително послаби отколку во првите две сезони. Во јануари оваа година, Наполи го продаде грузискиот напаѓач на ПСЖ за 75 милиони евра, а нигерискиот центарфор беше продаден на Галатасарај минатиот месец, исто така за 75 милиони евра.
И покрај тоа што не можеше да смета на двајцата најдобри играчи, тренерот Конте успеа да го освои Скудетото минатата сезона со Наполи.
Спорт
Енди Диуф пристигна во Интер

Интер, успеа да реализира еден од двата планирани трансфери пред крајот на преодниот рок. Трансферот на играчот од средниот ред на Ленс, Енди Диуф (22), е договорен, објавија италијанските медиуми.
Диуф, кој играше за француската репрезентација до 21 година, треба да потпише петгодишен договор со „нероаѕурите“, а на Ленс ќе му бидат исплатени 20 милиони евра отштета и уште пет милиони потенцијални бонуси.
Диуф ја помина фудбалската академија на Рен, а својата сениорска кариера ја започна во Базел, Швајцарија. Пред две години, Ленс го купи за 14 милиони евра. Тој одигра две одлични сезони во францускиот клуб, а експертите го опишуваат како прототип на модерен играч од средниот ред со голем опсег на движење.
Раководството на Интер постигна договор за трансферот на Диуф во последните два дена, иако Наполи и Вест Хем беа заинтересирани за него.
До крајот на преодниот рок, Интер има намера да ја засили одбраната со централен дефанзивец, а во потесниот список останаа уште двајца играчи: Умар Солет (25) од Удинезе и Лоик Баде (25) од Севилја.
Фото/ Принтскрин