Спорт
Вардар отиде со младинци кај Нексе, се враќа со „42 парчиња“ во мрежа
Македонскиот и европски ракометен шампион, Вардар со вториот тим отиде во Нашице, на гостувањето кај тимот на Нексе во последното годинешно коло во регионалната СЕХА лига, но оттаму се враќа со полна мрежа голови.
Нексе славеше убедлив триумф од 42-26.
„Црвено-црните“ ракометари во првото полувреме даваа пристоен отпор, на паузата се отиде со резултат 18-14 за домашната екипа.
Во вториот дел тотален потоп на Вардар. Во вторите 30 минути Нексе постигна 24 гола, а Вардар само 12.
Најпрецизен во хрватската екипа беше Марио Томиќ со 8 гола, а Томислав Северец прецизно стрелаше шестпати.
Кај Вардар Дејан Кукуловски мечот го заврши со 7 реализации, а Ален Ќосевски и Мартин Карапалевски постигнаа по 4 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Тинејџер погоди за победа на Тотенхем кај Кристал Палас
Фудбалерите на Тотенхем победија како гости кај Кристал Палас со 1:0 во натпревар од 18-то коло од Премиер лигата.
Стрелец на единствениот гол беше тинејџерот на Тотенхем, Арчи Греј (19) во 42-та минута. За Греј ова е прв сениорски гол во Премиер лигата.
Нему му асистираше Бразилецот Ричарлисон.
Tottenham midfielder Archie Gray scores with header!
🏴 Crystal Palace 0-1 Tottenhampic.twitter.com/5qcyoOTfPo
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 28, 2025
Малкумина на стадионот можеа да претпостават дека тоа ќе биде единствениот гол, бидејќи натпреварот беше отворен и зо многу шанси на двете страни.
Кристал Палас целосно ја презеде контролата во второто полувреме, притискајќи ги Спарс, сè повеќе и повеќе како што одминуваше времето, но играчите на домашниот тим не можеа да се справат со изворедната дефанзива на Тотенхем.
Тотенхем, од друга страна, ги имаше двете најдобри шанси за гол во второто полувреме.
Прво, во 75-тата минута, голот на Ричарлисон беше поништен бидејќи се најде во офсајд позиција во моментот кога Мохамед Кудус му асистирашес, а пред крајот, Вилсон Одоберт ја погоди стативата на голот на Палас.
Fptp/ freerangestock
Спорт
(Видео) Жестока тепачка меѓу кошаркарки, Ајдина заврши во болница
Натпреварот меѓу кошаркарките на Мерсин и Бодрум имаше и „трето полувреме“.
Откако гостинките стигнаа до драматична победа со кош во последните секунди со резултат 72:73, на и околу паркетот избувна општа тепачка, во која „најдебелиот крај“ го извлече Ајдина Топчу.
На кошаркарка од Бодрум ѝ беше отворена аркада за време на тепачка со тупаници во која учествуваа неколку кошаркарки од два тима, па по натпреварот таа беше примена во болница каде што ѝ беше зашиена раната, пишува „Бодрум Хабер“.
Погледнете ги сцените што не се гледаат често на натпреварите на женските тимови.
איזה בלאגן pic.twitter.com/oITOTALhiE
— D.Y (@dubi_ya) December 28, 2025
Спорт
(Видео) Хојлунд го реши Кремонезе
Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, повторно беше стартер за Наполи, Во Кремона, Наполитанците славеа над Кремонезе 2:0. Елмас одигра просечен натпревар, беше заменет со Ноа Ланг в 51-та минута.
Натпреварот во Кремона мина во знакот на Расмус Хојлунд. Данецот, кој сезонава игра како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола.
Наполи рутински го победи Кремонезе. Победата ја најави Хојлунд во 13-та минута, а истиот играч ја потврфи на истекот на првото полувреме.
По се уште некомплетното 17-то коло, Наполи е втор со 34 бода, иеден помалку од лидерот Милан. Интер е трет со 33 и натпревар помалку. Кремонезе се наоѓа на 12-то место со 21 бод.
Foto/ depositphotos

