Спорт
Вардар се прости со ЛШ со реми кај Веспрем
Европскиот пат за Вардар завршува во осмина-финалето на Лигата на шампионите кога на гостувањето кај унгарскиот ривал Веспрем одиграа 31:31 со одличен камбек во финишот на мечот.
Елиминацијата беше очекуван исход откога на првиот меч пред домашната публика, тимот на Дејвид Дејвис претрпе катастрофален пораз со осум гола разлика (22:30), така што малкумина веруваа во чудо во Унгарија. Веспрем ќе се бори за настап на фајналфор-турнирот и шанса за прва европска титула против данскиот Олборг.
Веспрем имаа подобар старт на мечот и направи предност од два гола разлика, која во очајниот финиш на првото полувреме за Вардар ја зголеми на пет гола (18:13). „Црвено-црните“ имаа подобро второ полувреме за да ја надополнат разликата и да се простат со 31:31 реми.
Јоел Моралес и Кевин Њокас постигнаа по пет гола за Вардар, а кај победничкиот тим Јахија Фати Омар беше најефикасен со седум постигнати гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барди кариерата ја продолжува во Бодрум
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, го напушти Трабзон, но ќе остане во Турција. Барди потпиша договор со Бодрум.
Барди за Трабзон последниот меч го одигра кон крајот на октомври минатата година. Во ноември, тренерот Шенол Ѓунеш нему и на уште тројца играчи им забрани да тренираат со првиот тим.
Изборот на клубот претставува изненадување, бидејќи Барди се поврзуваше со враќање во Шпанија (Ваљадолид“ и Хајдук Сплит.
Бодрум до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок. Клубот забележа само четири победи во првите 19 натпревари. Бодрум се наоѓа на 16.место на табелата со 16 бода, четири помалку од првиот тим кој се наоѓа во безбедната зона.
Спорт
Голманот Да Роса го однесе Бразил во четвртфиналето, Египет во трилер натпревар ја победи Словенија
Бразил се пласира во четвртфиналето на СП, а Египет дојде на чекор до пласман меѓу најдобрите осум селекции во светот.
Бразил во Групата 3 ја шокира Шведска со 34:27, додека во Групата 4, Египет во трилер завршница славеше над Словенија со 26:25.
Брзилците, со исклучок на еден период ос седум минути во второто полувреме одиграа совршен натпревар против фаворизираните Швеѓани. Во вториот дел Бразилците седум минути не постигна гол, Шведска успеа од минус пет да дојде до гол негатива, но понатаму не можеа.
Шведските ракометари едноставно немаа решение за бразилскиот голман Да Роса кој блескаше со 19 интервенции.
Победничкиот тим го предводеше Ханиел Лангаро со четири гола, исто толку колку што поатигна и Уго Брајан Монте да Силва. Најефикасен Швеѓанец со шест гола беше Карлсбогард.
Со овој триумф Бразилците скокнаа на на второто место во Групата 3 со шест бода, еден помалку од Португалија, која претходно денеска ја совлада Шпанија. Швеѓаните се трети со вкупно четири бода, Шпанија има три.
Египет во Групата 4 за малку ќе направеше од готово вересија. Африканските шампиони го контролираа натпреварот 57 минути, имаа предност од четири гола, но разликата најчесто ја држеа на два или три гола.
Во последните тир минути влегоа со четири гола предност, но со своите грешки им овозможија на Словенците да се доближат на гол негатива, а дури и го имаа последниот напад, но не успеаја да го избегнат поразот.
Дера со шест гола, односно Адел и Јахија со пет го предводеа Египет. Словенија ја предводеа Јанц со осум и Влах со седум гола.
Групата 4 ја предводи Исланд со шест бода, колку шо има и Египет. Хрватска и Словенија се на четири, Аргентина освои два,а Зеленортските острови се без освоен бод.
Инаку, Исланд и Хрватска вечерва ќе го одиграат својот натпревар.
Спорт
Португалците ја растурија Шпанија, први изборија место во четвртфиналето
Репрезентацијата на Португалија прва избори пласман во четвртфиналето на 20. Светско првенство. Во првиот меч од второто коло во Групата 3, Португалија ја декласира Шпанија со 35:29 (15:16).
Португалците се хит на ракометниот Мундијал. До четвртфиналето стигнаа без пораз, а во последното коло, против аутсајдерот Чиле ќе имаат можност да го обезбедат првото место во групата.
Попладнево во Осло, предводени од голанот Диого Маркеш и десниот бек Диоко Кошта, ја надиграа Шпанија и ја забележаа првата победа во меѓусебните дуели.
Шпанците немаа одговор за вбрзата игра на Португалија и покрај тоа што во вториот дел од првото полувреме два пати имаа предност од четири гола. До крајот на полувремето Португалците изедначија, но сепак Шпанија со гол во последната секунда имаше предност по првиот дел.
Шпанците вториот дел го отворија со два гола, а потоа започна серијата на Португалците. Немаа решенија за разиграниот Диого Кошта, голманот Маркеш влезе во серија одбарни и Португалците комплетираа серија 7:1.
Откако ја презедоа контролата, само еднаш им дозволија на Шпанците да се доближат на гол негатива.
Голманот Маркеш имаше 14 интервенции, а во нападот покрај Кошта (осум гола), шест постигна Салвадор. Шпанците ги предводеше Фернандез, кој реализираше пет седмерци, со шест гола.