Спорт
Вардар во најсилен состав го пречекува Веспрем

Македонскиот ракометен првак Вардар денеска (18.45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ќе ге пречека Весепрем во првиот натпревар од осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите. Тренерот Давид Дејвис, по подолг период, на располагање ќе го има најдобриот состав.
Вардарци немаат проблеми со ростерот. Веспрем исто така ќе биде во полн состав, со оглед дека и Данецот Лауге, кој имаше проблеми со повреда, е уфрлен во тимот на Унгарците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Белјерин се тетовираше на теренот на „Бенито Вилјамарин“

Ектор Белјерин уште еднаш ја покажа љубовта кон Реал Бетис, откако се тетовираше на теренот на „Естадио Бенито Вилјамарин“ по емотивната сезона на позајмица од Арсенал.
Шпанскиот дефанзивец сака да остане во Севилја, откако со клубот за кој навива целото негово семејство ја освои титулата од Копа дел реј.
„Талегос тетоважи ми кажаа дека ќе ме тетовираат на моето омилено место“, напиша Белјерин на Инстаграм со видео во кој 27-годишниот фубалер додаде порака: „Во оваа игра,тие кои се забавуваат победуват“.
И покрај љубовта кон клубот, Белјерин ќе се врати во Арсенал следната сезона, откако шпанскиот клуб потврди дека немаат доволно средства неговиот трансфер да го направат постојан.
Белјерин ќе го напушти клубот што најмногу го сака и ќе се врати во Арсенал
Спорт
Надал закажа „тест“ со канадскиот талент Оже-Алијасим

Рафаел Надал, освојувачот на 13 титули од Ролан Гарос, продолжи со лесните победи на турнирот, победувајќи го со 6:3/6:2/6:4 Холанѓанецот Ботик ван де Цандшлуп, за да се доближи до мега-пресметката со актуелниот шампион и првносител, Новак Ѓоковиќ.
„Ова беше тежок меч против тежок противник и повторно имав среќа што поминав во три сет“, изјави Надал.
Петтиот носител Надал сега ќе игра против младиот Канаѓанец, Феликс Оже-Алијасим, кој со 7:6(3)/7:6(2)/7:5 ја доби тесната битка со Србинот Филип Крајиновиќ.
Доколку Надал го добие Оже-Алијасим, а Новак Ѓоковиќ биде подобар од Аргентинецот Диего Шварцман, двајцата најуспешни тенисери во последните децении ќе се судрат во мега-пресметка.
Спорт
Ферари убедливи на стартот во Монако – ќе ја скрши ли Леклер „клетвата“?

Шарл Леклер беше најбрз на двата тренинзи пред својата домашна трка, славното Монако ГП, за да покаже дека Ферари уште ја имаат предноста пред Ред бул по трите победи во низа на ривалите од Ред бул, односно на Макс Ферстапен.
Леклер во втората сесија на улиците на Монте Карло беше само 0.044 секунди побрз од својот колега Карлос Саинс Јуниор, додека ривалите од Ред бул заостануваа над 3 десетинки – Серхио Перез беше трет со 0.379 послабо време, а Ферстапен на четвртото место беше поспор за 0.447 секунди.
Остатокот од ривалите заостануваа над половина секунда – Лендо Норис беше петти за Мекларен пред британскиот сонародник Џорџ Расел во Мерцедес, а во топ 10 беа и Пјер Гасли (Алфа Таури), Фернандо Алонсо (Алпине), Себастијан Фетел (Астон Мартин) и Јуки Цунода (Алфа Таури).
Леклер нема победа на својата домашна трка.