Контакт

Спорт

Вардар загуби во драматичен меч во Загреб, му бега и осмина-финалето

Објавено пред

Вардар неславно стигна до својот седми пораз во низа во ЕХФ Лигата на шампионите губејќи во регионалното дерби кај ППД Загреб со 23:22 за да го загуби шестото место во групата А, последно што води во осмина-финалето.

Во меч полн со пресврти и лута борба за секој гол, Вардар неколкупати во второто полувреме имаше предност од два гола за на крајот да го загуби мечот од клубот кој минатата недела ја прекина најдолгата серија без победа во европското елитно натпреварување.

Загреб почна подобро, но Вардар успеа да се врати за водство од 11:9 во првото полувреме пред на одмор да се отиде со предност на домаќините од 14:12. „Црвено-црните“ имаа фантастичен старт на второто полувреме, да вратат водство од два гола (16:18), по што се играше гол за гол до финишот на мечот.

Поранешниот вардарец Иван Чупиќ го предводеше Загреб со 5 постигнати гола, четири уфрли Давид Мандиќ, а Тимур Дибиров и Жереми Тото за Вардар имаа по 4 гола.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПА А

ППД Загреб – Вардар 23:22 (14:12)

Елверум – Алборг 28:34 (12:16)

Мешков Брест – Монпелје 31:31 (17:18)

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-2465-37565”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Спорт

Голчиште на Модриќ и пенал на Бензема – „кралевите“ до Суперкупот на Шпанија

Објавено пред

Реал Мадрид е освојувач на Шпанскиот Суперкуп, откако во финалето во Ријад, Саудиска Арабија со 2:0 го совладаа стариот баскиски ривал, Атлетик Билбао, за да докажат дека во моментов се најсилната шпанска екипа.

Откако во полуфиналето по продолженија со 3:2 ја совладаа Барселона, против Атлетик работата ја завршија во регуларните 90 минути. Прво Атлетик се жалеа дека се оштетени за пенал, пред Лука Модриќ во 38. минута од мечот да покаже дека годините не се пречка за талентираните, постигнувајќи фантастичен гол.

Во 52. минута од мечот „кралевите“ го удвоија водството кога по игра со рака во шестнаесетникот на Атлетик, беше досуден пенал, а Карим Бензема не згреши од белата точка. Атлетик го добија својот пенал во 87. минута, кога повторно поради игра со рака Едер Милитао доби црвен картон, но обидот на Раул Гарсија заврши само во рацете на Тибо Куртоа.

Ова е 12. титула од Суперкупот на Шпанија за Реал Мадрид, со што се доближија до 13-те титули на Барселона во натпреварувањето кое првпат се оддржа во 1982 година. Билбао беа актуелни освојувачи на Суперкупот и во полуфиналето го совладаа шпанскиот шампион, Атлетико Мадрид.

 

Прикажи повеќе...

Популарно

Српска обложувалница ќе им исплаќа пари на сите што се обложиле дека Ѓоковиќ го освојува АО

Објавено пред

Пo 11 дена драма околу Новак Ѓоковиќ, неговите документи за вакцинација, визата за влез во земјата и неговиот настап на Австралија опен, Федералниот суд одлучи да ја отфрли жалбата на тенисерот и да го депортира.

Со денешната одлука на австралискиот суд, Ѓоковиќ остана без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој остана без шанса да го освои 21-от Гренд слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои исто така имаат по 20 титули.

Српскиот тенисер беше првиот фаворит на Австралија опен и многу букмејкери се обложија на него пред почетокот на турнирот. Бидејќи нема да игра, сите облози на него според правилата за обложување треба да паднат на коефициент 1,00, односно да се смета како да не се ни одиграни.

Сепак, една српска обложувалница реши да смета дека Ѓоковиќ го освоил турнирот и да им ги исплати добивките на своите играчи. Коефициентот дека Ѓоковиќ ќе го освои турнирот бил 2,10, а дека на патот до титулата ќе загуби еден до два сета бил 6,00.

„Го знаеме нашиот шампион на Австралија опен. Сите одигрни ливчиња за победа на Новак се добитни! Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија откако му беше одбиена жалбата за укинатата виза. Политиката го победи спортот, а ние ќе се обидеме да ја исправиме неправдата нанесена на најдобриот тенисер на сите времиња.

Сите ливчиња одиграни за победа на Новак во Австралија ќе бидат исплатени. Без разлика дали сте играле дека Новак го освојува турнирот, дека го освојува и дека губи еден или два сета или дека ќе го го подигне пехарот без загубен сет, ливчето ќе се третира како добитнo. Веќе го знаеме името на шампионот на Австралија опен, а се вика Новак Ѓоковиќ“, порачуваат од обложувалницата, a пренесува хрватскиот портал „Индекс“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Клоп: Нормално 11 поени се премногу, но денеска што е нормално?

Објавено пред

Јирген Клоп одбива да признае пораз во трката за премиерлигашката титула од Манчестер сити, иако „граѓаните“ имаат 11 поени предност на табелата.

Ливерпул со 3:0 го совлада Брентфорд за да ги помине Челси на второто место на табелата и имаат натпревар помалку од актуелните шампиони, кои се во застрашувачка форма со 12 победи едноподруго.

Клоп признава дека нормално не се очекува да се надмине таква разлика, но додава дека е рано за прогнози.

„Не мораме да убедуваме никого надвор од клубот да верува дека можеме до титулата. Ако сакаат да веруваат во тоа, нека веруваат. Мислам дека луѓето се со нашиот клуб бидејќи го сакаат и го сакаат патот. Ние сме подготвени колку што можеме да сме подготвени. 11 поени, еден натпревар помалку? Во нормален свет, ништо не би се случило, но што веќе е нормално денеска? Ќе го направиме нашето, и не можеме да влијаеме на другите клубови“, вели Клоп.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија4 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа5 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион9 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ9 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет10 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ10 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет12 часа

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија13 часа

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион14 часа

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија1 ден

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Македонија1 ден

Казна за фирма која превезувала патници без лиценца и без дозвола

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата...

Топ1 ден

Невенчаниот сопруг и уште неколку лица извршиле обљуба врз 44-годишна струмичанка

Врз 44-годишна жена од струмичко била извршена обљуба од страна на повеќе лица соопшти полицијата. Вчера околу 13.00 часот, 47-годишна...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Нема разговори за македонскиот идентитет, тој е темел на државата

Разговорите со Република Бугарија ќе продолжат и ќе се интензивираат но никој не смее и нема да преговара за идентитетот...

Свет1 ден

(Видео) Цунами удри на пацифичката држава Тонга: Брановите носат сè пред себе

Пацифичката држава Тонга е погодена од цунами по вулканска ерупција на дното на Тихиот Океан. На социјалните мрежи се појавија...

Македонија1 ден

На паркингот кај Клинички центар има 832 места, а издадени се 2.200 дозволи за паркирање

В.Д. директорот на ЈП Градски паркинг – Скопје, Бојан Христовски, беше во работна посета на Клиничкиот центар каде има долгогодишен...

Свет2 дена

(Видео) Ѓоковиќ вратен во хотелот за мигранти, објавена снимка како го носат во притвор

Откако Австралија повторно му ја одби визата, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашното сослушување, одново е вратен во притвор. До...

Македонија2 дена

Собраниска седница за избор на нова влада

Предлогот за составот на новиот владин кабинет кој го достави мандатарот, Димитар Ковачевски, во следните два дена ќе биде пред...

Спорт2 дена

Македонија против Црна Гора во второто коло на ЕП

Македонската ракометна репрезентација, вечерва ќе го одигра вториот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. По воведниот пораз од...

Свет2 дена

САД: Имаме информации дека Русија крои планови за инвазија на Украина

САД тврдат дека имаат информации оти Русија подготвила група оперативци за спроведување тајна лажна операција (т.н. false flag operation, што...

Досие