Спорт
Вардарци ќе доцнат – уште чекаат на потврдата на летот од Келн

Иако во Скопје веќе почнаа да се прават последните подготовки за пречекот на новиот европски шампион Вардар, „црвено-црните“ уште се во Келн, чекајќи ја потврдата на чартер-летот до македонската престолнина.
Ова го објавија на официјалната Фејсбук страница на РК Вардар. Престојот на аеродромот Келн-Бон, пак, патниците го искористија за фотографирање со новокрунисаниот европски шампион во ракомет.
Скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, пак, на Фејсбук потврди дека летот е одложен поради „административни причини“ и во Скопје ќе треба да пристигне во 20.30 часот.
Фото: РК Вардар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ираола и Силва го одбиле Тотенхем

Ангелос Постекоглу ќе го напушти Тотенхем на крајот на оваа сезона. Прашање е само како, има договор до јуни 2027 година, но челниците на клубот не се задовлни како тимот изгледа оваа сезона.
Ниту освојувањето на Лига Европа не може да го спаси бидејќи досега во Премиер лигата Тотенхем на Постекоглу загуби 17 натпревари.
Англиските медиуми додека лицитираат со името на потенцијалниот наследник, објавија имиња на двајца тренери кои го одбиле Тотенхем. .
Андони Ираола објави дека нема намера да го напушти Борнмут. Слична е ситуацијата и со Марко Силва од Фулам, кој исто така не е расположен да го преземе Тотенхем. Сопственикот на Фулам, Тони Кан, сака Силва засекогаш да биде менаџер на Фулам.
Инаку, и Фулам и Бурнмат имаат по 11 бода повеќе од Тотенхем во моментов.
Спорт
Гираси го урна рекордот на Левендовски и Халанд

Серху Гираси постигна хет-трик во победата на Борусија над Барселона (3:1), но не успеа со „милионерите“ да се пласира во полуфиналето во Лигата на шампионите. Пресуди првиот меч, кој Барселона го доби со 4:0.
Гираси, на „Вестфален“ урна неколку рекорди. Со трите гола дојде до бројката 13 сезонава во Лигата на шампионите. Сега тој е најдобриот стрелец на Борусија во една сезона во Лигата на шампионите, претходно тој рекорд го држеа Роберт Левандовски и Ерлинг Халанад (12 голови).
Репрезентативецот на Гвинеја, синоќа стана првиот африкански играч кој постигнал хет-трик против Барселона. Исто тој стана и играчот кој на Барселона и дал најмногу голови во една сезона од Лигата на шампионите (5).
Гираси игра брилијантно оваа сезона, постигнува гол на секои 144 минути. Се шпекулира дека внимателно го следат Манчестер јунајтед, Челзи и Арсенал.
Гираси во досегашниот дел од сезоната на 40 натпревари има учинок од 28 гола и девет асистенции.
Според „Билд“, откупната клаузула во договорот на Гираси изнесува 70 милиони евра.
Спорт
Енрике: Се тресевме од страв, но заслуживме да бидеме во полуфиналето

Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике признава дека неговите играчи имале среќа, но смета дека заслужиле да се најдат меѓу четирите најдобри екипи во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во полуфиналето и покрај поразот од Астон Вила. Реваншот на „Вила Парк“ заврши со победа на англискиот тим од 3:2, првиот меч во Франција заврши 3:1 за ПСЖ.
Тренерот на „свеците“ по реваншот призна дека неговите избраници по раното водство од 2:0, лесно влегле во продолжението на натпреварот и преживеале вистинската драма.
„Бевме премногу самоуверени, направивме работи што не требаше да ги направиме. Во одреден момент се тресевме од страв и примивме два гола за три минути, но мислам дека заслуживме да се пласираме во полуфиналето“, изјави Луис Енрике на прес-конференција.
Пари Сен Жермен во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот помеѓу Реал Мадрид и Арсенал.