Спорт
Варди во 90-та минута донесе победа за Лестер па го уништи корнер-знаменцето
„Фенерџијата“ во Премиер лигата, Шефилд јунајтед го забележа шестиот пораз во низа во Премиер лигата, откако Џејми Варди во 90-тата минута успеа да го скрши отпорот на домаќините за 2:1 победа.
Ова беше десетти пораз во 11 кола за тимот на Крис Вајлдер, кој минатата сезона поголемиот дел го помина во горниот дел од табелата, останувајќи убедливо на дното како прв фаворит за испаѓање и тоа пред половина од сезоната.
Ајозе Перез ги донесе Лестер во водство во 24. минута, меѓутоа Оливер Мекбурни само две минути подоцна израмни. „Блејдс“ успеваа да го оддржат овој резултат до самиот финиш на мечот, кога по грешка во средината на теренот, топката стигна кај Варди, кој лесно го совлада противничкиот голман. По постигнувањето на голот, Варди со лизгачки старт му „влезе“ на корнер-знаменцето, целосно уништувајќи го пред малкуте домашни навивачи кои беа на трибините. Ова беше 9-ти гол на англискиот голгетер во новата сезона.
Лестер сега се трети на табелата со 21 поен, исто колку и второпласираниот Тотенхем и еден помалку од лидерот Челси, додека Шефилд имаат 1 поен, пет помалку од претпоследниот Вест Бром и 18-пласираниот Барнли.
RIP Corner flag ❤️?? pic.twitter.com/GSccGOr4nS
— ً (@scfctomm) December 6, 2020
O Vardy é a pessoa que eu gosto e a bandeirinha são meus sentimentos
— Zona de Clubismo (@zonadeclubismo) December 6, 2020
Jamie Vardy showed that corner flag what happens when you talk shit about him on twitter #ShuLei pic.twitter.com/xNbq2jLyg9
— Dhimitri (@_Lingardinho_) December 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

