Спорт
Ватерполо легендата Сукно ја заврши кариерата

Поранешниот капитен на хрватската репрезентција и најдобар ватерполист на светот, Сандро Сукно ја прекина својата кариера на само 28 години поради проблемите со срцето кои го мачат веќе две години.
„По операцијата на срцето во САД на почетокот на минатата година која ги отстрани сите проблеми и опоравувањето кое траеше година дена, во контакт со неколку лекари од Хрватска и странство се покажа дека мојата здравствена состојба не е оптимална за да ја продолжам кариерата на високо ниво. Се заблагодарувам на сите кои беа дел од мојата кариера, на моето семејство, соиграчите и тренерите, а посебно на навивачите кои ми дадоа сила да се вратам во базенот“, изјави Сукно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман (340, ќе остане во клубот. На овој начин тој стави крај на шпекулациите дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига.
Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година и се шпекулираше дека тој ќе замине во ФК Лос Анџелес во летниот преоден рок. Сепак, миленикот на тренерот Диего Симеоне, според шпанските медиуми, би требало да го продолжи договорот до јуни 2027 година, откако францускиот фудбалер се согласил на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.
Гризман во Атлетико пристигна во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати Атлетико, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра.
Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, за „колчонеросите“ да го откупат неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра.
Тренерот Симеоне и покрај критиките во медиумите, сепак има голема доверба во Гризман, кој остана стандарден првотимец. Оваа сезона постигна 16 гола во сите натпреварувања и додаде седум асистенции. Со Атлетико ја освои Лига Европа во 2018 година, а на 435 натпревари постигна 197 гола и забележа 91 асистенција.
Спорт
Анчелоти си оди од Реал по финалето на Купот

Карло Анчелоти дојде до крајот на својот втор мандат во Реал Мадрид. „Скај Спортс“ ексклузивно објави дека Анчелоти ќе го напушти Реал Мадрид по финалето од Купот на Кралот со Барселона на 26 април.
Јасно е дека по елиминацијата од Лигата на шампионите од Арсенал, Флорентино Перез размислува за смена на тренерската функција. Првиот човек на клубот смета дека на Реал му е потребна „нова и свежа крв“ на клупата.
Нејасно е дали Анчелоти сигурно ќе го напушти тимот по финалето во случај на победа над Барселона или ќе биде објавено дека се разделуваат.
„Скај Спорт“ во својот прилог емитуван во живо, објаснува дека циклусот завршил, иако Анчелоти во последните три години освои две ЛШ, во 2022 и 2024 година, а во истите сезони ги освои титулите и во Ла Лига.
Истовремено, германски „Билд“, открива дека Чаби Алонсо постигнал договор со Баер Леверкузен летово да го напушти клубот, но за одредена отштета.
Иако цифрата не е прецизирана, се вели дека Баер ќе бара отштета од минимум 10 милиони евра за неговото заминување во Реал Мадрид.
И ова не е тајна, бидејќи одамна е познато дека Чаби Алонсо минатото лето ги одбил и Ливерпул и Баерн Минхен бидејќи ја чекал понудата на Реал за оваа година.
Како што стојат работите, Анчелоти за 10 дена ќе го напушти Реал Мадрид иако освои најмногу трофеи од сите клубови откако по вторпат го презеде „кралскиот клуб“.
Спорт
Лазаров: Рунар е тежок противник, елиминира сериозни тимови до полуфиналето

Алкалоид в недел аќе го одигра првиот натпревар од полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ. Противник на Алкалоид ќе биде Рунар Сандефјорд од Норвешка.
Пред натпреварот, прес конференција одржаа тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров и капитенот Игор Ѓорѓиев.
„Не очекува еден тежок меч против незгоден противник. Во изминатиот период имавме доста тешки натпревари, со квалитетни противници во лигата во рамки на плеј-офот. Доста го анализиравме Рунар, со доста материјали. Имаме доста информации кои ни покажуваат дека се работи за сериозна екипа со скандинавски стил кој не ни одговарал многу низ историјата. Рунар до полуфиналето дојде со победи над квалитетни ривали како Целје, Бешикташ и Олимпијакос. Сите овие противници кои ги набројав Рунар ги елиминира во два натпревари, така што не очекува доста тежок натпревар не само во Скопје, туку и во Норвешка. Пласманот во полуфиналето со македонски сили секако дека е успех, се надевам дека ќе имаме сила и енергија по тешките мечеви да излеземе на терен и да водиме тешка борба во целите 60 минути, знаејќи го нивниот стил.“, рече Лазаров.
„Не очекува меч од огромно значење. Прво европско полуфинале за нас. Голем момент како за Алкалоид, така и за македонскиот ракомет. Како екипа горди сме што успеавме да се пласираме во оваа фаза и да играме за финале. Рунар е екипа која игра типичен брз скандинавски ракомет, првиот меч ни е дома. Затоа сакам да ги повикам сите љубители на ракометот да бидат наша поддршка, наш седми играч и да се бориме за историски момент и европско финале. Со оглед на тоа дека имаме тројца или четворица играчи повредени, јас како капитен свесен сум, а и играчите дека мора да функционираме како тим. Ако продолжиме така како што играме до сега, имаме огромни шанси како во европскиот Куп така и во плеј-офот во лигата, рече капитенот Ѓорѓиев.
Натпреварот Алкалоид – Рунар Сандефјорд се игра во салата „Автокоманда“ во недела со почеток од 19:00 часот, реваншот во Сандефјорд е четири дена подоцна.