Спорт
ВБА го отпуштија Славен Билиќ

Славен Билиќ повеќе не е тренер на ВБА, објавија повеќе англиски медиуми. Заедно со Билиќ од клубот ќе заминат и неговите тројца асистенти. ВБА се претпоследни на табелата во Премиер лигата, со само една победа во 13 одиграни натпревари. Интересно, Билиќ доби отказ и покрај тоа што синоќа остана непоразен во дуелот со Мачестер сити.
Славен Билиќ сезонава го врати ВБА во Премиер лигата. На почетокот на сезоната, тој јавно го критикуваше клубот за лошата трансфер-политика. Тој на почетокот на сезоната од клубот доби само 40 милиони евра за засилувања. За тие пари тој донесе тројца фудбалери.
Тренерската кариера Билиќ ја градел во Хајдук Сплит, Локомотив Москва, Бешикташ, Вест Хем и Ал Итихад. Бил селектор на младата и сениорската репрезентација на Хрватска.
Негов наследник би требало да биде Сем Олердајс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меите потпиша, Милан ги чека уште Томори и Манџукиќ

Лидерот во Серија А, Милан, го заврши трансферот на Суалио Меите, а до крајот на денот треба да го потпише и Фикајо Томори. Овие двајца фудбалери до крајот на сезоната ќе играат како позајмени играчи од Торино, односно Челси. Зимскиот преоден рок, Милан, ќе го заврши со потписот на Марио Манџукиќ.
Милан за Меите ќе му плати на Торино 1.000.000 евра, а по завршувањето на сезоната ќе може да го откупат неговиот договор за 7.000.000 евра.
Томори, со доаѓањето на Тијаго Силва, стана вишок во Челси. Интерес за него покажаа неколку екипи од Премиер лигата, но тој решил да ја прифати понудата од Милано. Милан договорил 18-месечна позајмица, а по истекот на истата за 26.000.000 евра ќе може да го откупи неговиот договор од Челси.
Манџукиќ, кој една година е без клуб, договорил плата од 1.800.000 евра по сезона. Тој ќе го потпише договорот откако ќе ги мине лекарските прегледи.
Спорт
Нуркиќ мора на операција, ќе паузира осум недели

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, ќе мора да го оперира зглобот на десната рака. Нуркиќ се повреди пред три дена на натпреварот помеѓу Портланд и Индијана.
Рехабилитацијата на Нуркиќ ќе трае осум недели.
Јусуф Нуркиќ, минатото лето се врати на кошаркарските терени, откако речиси една година паузираше поради фрактура на ногата.
Оваа сезона 26-годишниот центар има просек од 9,7 поени, 7,7 скока и 2,8 асистенции по натпревар. Порталнд имаат скор од седум победи и пет порази.
Спорт
Мидлтон го реши победникот – Милвоки славеа против Далас

Милвоки Бакс забележаа победа над Далас Маверикс 112:109, во дербито на вечерта, во НБА лигата. Блескаа првите ѕвезди на двата тима, Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ, но мечот го реши Крис Мидлтон, кој во финишот погоди две тројки и реализираше две слободни фрлања.
Милвоки имаа предност од седум поени по првиот период, во вториот ја достигнаа највисоката разлика од 14 поени, а на полувреме негативата на Далас изнесуваше осум коша.
Далас се вратија во третиот период, се доближија на поен негатива, но Бакс со серија од осум коша, повторно се одлепија. На две минути до крајот Далас, благодарени на Дончиќ и Коли-Стајн, успеаја да стигнат до водство 103:105, но тогаш на сцена стапи Мидлтон кој постигна осум поени во низа.
На крајот Брук Лопез погоди едно од двете слободни, а Далас не успаја да постигнат тројка за продолжение.
Адетокумбо мечот го заврши со 31 поен и 9 скока, Мидлтон имаше 25 поени, 8 скока и 6 асистенции, а Лопез забележа по 11 поени и скокови.
Дончиќ го предводеше Далас со 28 поени, 9 скока и 13 асистенции.
Резултати:
Бостон-Орландо 120:97
Кливленд-Њујорк 106:103
Оклахома-Чикаго 127:125
Јута-Атланта 112:96
ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс 112:95
Сакраменто-ЛА Клиперс 100:138
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира