Спорт
Вебер влегува во Куќата на славните
Членот на најславната генерација на Сакраменто Кингс, Крис Вебер, ќе биде примен во Куќата на славните во Спрингфилд. Свечената церемонија ќе се одржи во сабота, а Вебер ќе биде еден од 16.мината кои ќе станат нови жители на Куќата на славните.
Популарниот Си-Веб, во кариерата одиграл 15 сезони во НБА лигата (1993-2008). Беше избран како прв пик од страна на Орландо Меџик, но веднаш беше испратен во Голден стејт Вориорс, во замена Анферни Пени Хардавеј.
Извонредната кариера ја заврши како еден од осуммината со повеќе од 15.000 поени (17.182), 7.500 скокови (8.124), 2.500 асистенции (3.526), 1.000 украдени топки и 1.000 блокади.
Според учинокот Вебер се наоѓа во друштво со Карим-Абдул Џабар, Карл Мелоун, Дирк Новицки, Хаким Олајџувон, Тим Данкан, Кевин Гарнет и Џек Сикма.
Вебер, пет пати бил учесник на Ол-стар натпреварот, еднаш бил избран во најдобриот тим во сезоната. Во чест на Си-Веб, Сакраменто го повлекоа дресот со бројот 4.
Покрај во Сакраменто, Вебер во кариерата играл и за Голден стејт Вориорс, Вашнготн, Филалделфија и Детроит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

