Спорт
Вечерва е ждрепката за ЛШ, можен е дуел меѓу Црвена звезда и Динамо Загреб

Ждрепката за Лигата на шампионите, за прв пат со 36 учесници, ќе се одржи во четврток на 29 август во 18 часот во Монте Карло.
Секој од 36-те клубови ќе одигра по осум натпревари против различни противници, по четири дома и во гости. Истото важи и за Лига Европа.
Пред ждрепката, 36 клуба се во четири шешири, во секоја има по девет екипи, рангирани според коефициентот. Секој тим ќе од секој шешир ќе добие по два противници, еден меч ќе игра дома, еден во гости.
Извлекувањето ќе биде комбинација од рачно извлекување и компјутерско одредување.
Сите 36 клубови ќе бидат извлечени рачно со помош на топчиња, а потоа автоматски софтверот по случаен избор ќе бидат извлекувани по осум противници од четири шешири. Софтверот ќе одлучува и кои натпревари ќе еден тим ќе ги игра дома или во гости.
Прв шешир: Реал Мадрид (Шпанија), Манчестер Сити (Англија), Баерн Минхен (Германија), ПСЖ (Франција), Ливерпул (Англија), Интер (Италија), Борусија Дортмунд (Германија), Лајпциг (Германија), Барселона (Шпанија).
Втор шешир: Баер Леверкузен (Германија), Атлетико Мадрид (Шпанија), Аталанта (Италија), Јувентус (Италија), Бенфика (Португалија), Арсенал (Англија), Клуб Бриж (Белгија), Шахтјор (Украина), Милан (Италија) .
Трет шешир: Феенорд (Холандија), Спортинг (Португалија), ПСВ (Холандија), Салцбург (Австрија), Динамо (Хрватска), Лил (Франција), Црвена звезда (Србија), Јанг Бојс (Швајцарија), Селтик (Шкотска).
Четврти шешир: Слован (Словачка), Монако (Франција), Спарта (Чешка), Астон Вила (Англија), Болоња (Италија), Џирона (Шпанија), Штутгарт (Германија), Штурм (Австрија), Брест (Франција).
Листата со датуми и сатниците ќе биде разработена подоцна и ќе биде објавена во сабота на 31 август.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ го блокира Јувентус

Италијанските медиуми пишуваат за намерата на Душан Влаховиќ да остане во Јувентус, неговиот договор истекува следното лето.
„Corriere della Sera“ пишува дека Влаховиќ го блокира Јувентус, кој сака да го доведе Џонатан Давид во своите редови.
Дејвис би пристигнал како слободен игрч, но ќе добива околу шест милиони евра по сезона.
Влаховиќ, со плата од 12 милиони евра, е „ортома околу вратот“ на клубот од Торино, кој би претпочитал веднаш да го продаде.
Српскиот напаѓач е член на Јувентус од јануари 2022 година, кога пристигна од Фиорентина за 83,5 милиони евра.
Оттогаш, тој одигра 145 натпревари за „Старата дама“ и постигна 58 гола.
Спорт
Жоао Педро во Челси

Челзи постигна договор со Брајтон и Жоао Педро ќе стане нов играч на „сините“.
Брајтон ќе инкасира 50 милиони фунти, односно околу 60 милиони евра, а 23-годишниот ќе потпише договор откако претходно, во текот на денот ќе ги мине лекарските прегледи.
Минатата сезона, Жоао Педро постигна 10 гола и запиша седум асистенции во 30 настапи во сите натпреварувања, додека сезоната претходно имаше учинок од 20 гола и три асистенции во 40 настапи.
Со трансферот на Педро, Челзи ја заврши целосната реконструкција на напаѓачката линија.
Ова лето, Челзи договори за три трансфери на напаѓачи во вредност од 145 милиони фунти, односно 170 милиони евра. Во клубот пристигнаа покрај Жоао Педро, Лијам Делап и Џејми Гитенс.
Спорт
Клоп: Ливерпул даде премногу пари за Вирц

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, смета дека сумата што неговиот поранешен клуб ја инвестираше во трансферот на Флоријан Вирц е претерана.
„Црвените“ го срушија рекордот во Премиер лигата со тоа што платија 116 милиони фунти на Баер Леверкузен за германскиот репрезентативец.
„Без сомнение, тоа е претерана сума, а играчот на Ливерпул знае дека ако работите не одат добро во два или три натпревари… Сите се согласуваме дека зборуваме за одличен играч. Знам дека еднаш реков дека ако платиме 100 милиони евра за играч, ќе си заминам. Но, светот се менува. Тоа е пазарот“, рече Клоп.