Спорт
Вечното дерби во Купот ќе се игра без присуство на навивачките групи
Foto/ mztskopjeaerodrom.mk
Вечните ривали МЗТ и Работнички, од 17 часот ќе го одиграат полуфиналниот натпревар на завршниот турнир во Купот на Македонија. Долго очекуваниот спектакал ќе мине навивачите на двата клуба.
Утрово, МЗТ и Работнички, биле известени од организаторот КК Пелистер, дека на нивните навивачи нема да им биде дозволено да го следат натпреварот.

Логично дека оваа одлука, донесена во последен момент предизвика голем револт кај скопските клубови.
„МЗТ Скопје Аеродром денеска по 26-ти пат ќе игра во полуфиналето од Купот на Македонија, што значи дека имаме акумулирано искуство не само на теренот туку и на организациски план. Поради тоа, со сигурност може да кажеме дека ова е преседан каков што досега не е виден, бидејќи куп-завршници и во минатото се играле надвор од главниот град, па никаде не е преземена ваква непопуларна мерка, која е надвор од секоја спортска, па и човечка логика. Изминатите часови на секаков начин и со секакви гаранции се обидовме да го смениме мислењето на луѓето од Пелистер, но, за жал, не успеавме во тоа.
Затоа сакавме да ја информираме македонската јавност за сите задкулисни игри кои се случуваат од доцна синоќа, а кои кулминираа утринава, со цел да не биде шокирана кога вечерва ќе види (полу)празна сала во Битола, иако на теренот ќе играат најдобрите екипи во историјата на македонската кошарка, кои заедно имаат 21 куп-трофеј во своите витрини. Кошарката се игра за публиката, таа секаде се негува и ѝ се овозможува да ужива во мајсториите на паркетот, но и да ги бодри своите миленици“, се вели во соопштението на МЗТ.
Револтирани и разочарани од одлуката се во навивачката група на Работнички која се огласи со соопштение.
„Срам и резил. Кој знае по кој пат истиот пост со слика од мејл како се забранува присуство за организирани навивачки групи. На два часа пред тргнување на веќе организиран превоз добиваме повик па потоа и мејл дека присуството нема да ни биде одобрено. Во сала која е за скоро 1.000 седишта поголема од салата на Кале, каде што изминативе години се одржуваше Куп-завршницата, нема услови да се сместат две навивачки групи од не повеќе од 50-60 души. Како господинот претседател на МКФ одобри Купот да се одржи во Битола ако таму нема услови за примање на сите фанови и дали овој Куп е приватна забава на битолската публика ,која незнае како изгледа кошаркарскиот тим на Пелистер ако тој не игра против клуб од Скопје“, објави навивачката група на Работнички.
Прична за ваквата одлука на организаторот е стравот во салата да не се сретнат три навивачки групи. Покрај „Фемили“ и „Сити Парк Бојс“, во салата ќе се појават и „Чкембари“, бидејќи Пелистер во второто полуфинале ќе игра против Еуро Никел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неочекуван епилог на последната трка во бијатлон, Дале-Шјевдал ја растури конкуренцијата
Изненадувачки епилог доби бијатлонската трка на 15 кимолемтри, масовен старт, на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Норвешка го освои своето трето злато на Олимписките игри во биатлон, новиот шампион е Јоханес Дале-Шјевдал. Поврфила Французите, лоши беа на стрелиштетот, честа им ја спадси Фијон Маје, додека Перо и Жакелан завршија на 20-то и 21-то место.
Јоханес Дале-Шјевдал , 28-годишникот од Лоренского го постигна најголемиот успех во својата кариера, бидејќи досега имаше две сребра и една бронза од Светските првенства во 2020 и 2021 година, а забележа и три триумфи во Светскиот куп.
Наследникот на големиот имењак Тингнес Бо, кој го освои златото во оваа дисциплина во Пекинг пред четири години, ја заврши „трката во кариерата“ без промашување (20 од 20 во целта), добар беше на скиите и не им даде никаква шанса на своите ривали да го загрозат во последниот круг.
Дале-Шјевдал триумфираше пред сонародникот Стурла Холм Лагрејд, кој со освојувањето на среброто дојде до петтиот медал во пет трки на овие Олимписки игри. Тој Игрите и заврши со три сребра и две бронзи. Лагрејд заостануваше 10,5 секунди, со едно промашување.
Со брилијантен финиш, во кој „прелета“ покрај Германецот Филип Хорн, легендарниот Французин Контан Фијон Маје го освои бронзениот медал, својот трет медал, по две злата. Неговото заостанување беше 25,6 секунди, но со четири промашувања на стрелиштето.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Тежок пад на малдиот Новозеланѓанец во квалификациите во халфпајп
Репрезентативецот на Нов Зеланд, Финли Мелвил Ивс, главен фаворит во дисциплината скијање во слободен стил, беше изнесен од снегот на носилка во петокот по тежок пад за време на неговиот втор настап во квалификациите на ЗОИ во Милано и Кортина.
Младиот, 19-годишен Ивс, светски шампион во 2025 година, веднаш доби лекарска помош, откако го промаши слетувањето, силно удри на земјата и остана без скиите и стаповите.
Натпреварот беше прекинат неколку минути, пред спортистот да биде изнесен од патеката.
Please pray for Finley Melville Ives 🙏 pic.twitter.com/KjctijLYpa
— Denzel Updates Sports (@DenzelEmpire1) February 20, 2026
Претходниот ден, Канаѓанката, Кејси Шарп исто така доби медицинска помош по спектакуларниот пад за време на квалификациите за жени.
Двократната олимписка шампионска сега е во стабилна состојба, објави Канадската скијачка асоцијација.
Foto/ X
Спорт
Воркапиќ го засили Вардар 1961
Вукашин Воркапиќ, репрезентаивец на Србија, потпиша договор на две и пол години со Вардар 1961.
Договорот беше Воркапиќ да се пресели во Скопје на крајот од сезоната, но финансиските тешкотии со кои се соочува Војводина ја забрзаа реализацијата на трансферот.
Тој ќе дебитира во дресот на македонскиот шампион, ви кендов, во дербито против Алкалоид.
Воркапиќ е роден во Белград и има 28 години. Игра на позицијата десно крило и поголемиот дел од кариерата го помина во Војводина, за која играше во Челинџер купот и Лигата на Европа.
Покрај Војводина, го носеше дресот на Металопластика од Шабац и француски Иври.
Foto/ facebook.com/rkvardar

