Спорт
Вележ од Мостар го освои првиот трофеј од 1986 година!
Вележ го совлада Сараево по изведувањето на пенали за да го освои Купот на Босна и Херцеговина, прв трофеј за славниот клуб од Мостар од далечната 1986 година.
По регуларните 90 минути, резултатот беше 0:0, по што Вележ беше подобар во пенал-рулетот на стадионот „Билино Поље“ во Зеница.
Ова е прв трофеј за Вележ од 1986 година, кога го освоија вториот Куп на Југославија со 3:1 победа над Динамо Загреб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Флик и официјално ја презеде Барселона
Она што медиумите го објавија во петокот претпладнево доби официјална потврда, Ханси Флик, поранешниот селектор на Германија и тренер на Баерн Минхен е нов тренер на Барселона.
Ханси Флик потпиша договор со каталонскиот гигант до јуни 2026. Тој е трет германски тренер на клупата на Барселона и прв по 41 година, кога клуот го предводеше Удо Латек.
Човекот кој ја освои тројната круна со Баерн во 2020 година ќе го замени Чави на клупата на Барселона.
Флик пред Баерн беше тренер на Викторија Баментал и Хофенхајм, а откако доби отказ во Минхен стана селектор на Германија. На оваа функција не се прослави, бидејќи не успеа да ја мине групната фаза на Светското првенство во Катар.По Мундијалот поради серијата порази доби отказ.
Спорт
Мбапе откри за кој клуб отсекогаш навивал
Килијан Мбапе на 30 јуни ќе стане слободен играч. Со месеци се пишува дека тој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид, но заега за ова нема официјална потврда.
ПСЖ пред две години со богата финансиска понуда, месечна бруто плта од шест милиони евра, околу 2,7 милиони нето), бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони како бонус за верност кон клубот на крајот од секоја година од договорот.
Мбапе имаше можност и наредната сезона да остане во Париз, но тој реши дека треба да замине.
Додека се чека трансферот во Реал да биде официјализиран, напаѓачот за „Скај спорт“, откри еден интересен детал од неговото детство.
„Јас во италијанскиот фудбал? Никогаш не се знае. Отсекогаш сум велел, ако одам во Италија, одам во Милано. Како дете, го гледав секој натпревар и бев жесток навивач. Целото мое семејство, сите го поддржувавме Милан“, рече тој.
Спорт
Ѓоковиќ верува дека Надал ќе игра и наредната сезона
Бранителот на титулата на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ, успешно стартувае на вториот грен слем во сезоната.
Ѓоковиќ во првото коло, по два часа и 30 минути го совлада францускиот претставник Пјер-Иго Ербер со 3:0 во сетови (6:4, 7:6, 6:4). Ѓоковиќкој игра променливо од почетокот на сезоната, рутински победи и покрај тоа што имаше проблеми со сервисот на противникот.
„Беше навистина неверојатно со навивачите. Им благодарам на присуството, нормално е што публиката беше на страната на Ербер, домашниот играч. По 12 месеци, големо задоволство е да се вратам овде. Овој терен има голема важност во мојата кариера. Имам водено многу големи битки овде и тоа е голема „планина“ за искачување“, рече Ѓоковиќ, а пото проговори и за Рафа Надал, кој ден претходно испадна од Александар Зверев.
„Се чини дека Надал сака да игра и во 2025 година. Играше многу подобро отколку на турнирите пред тоа, на високо ниво. Иако загуби во три сета, можеше да го добие вториот или третиот, во тој случај можеше мечот да оди на друга страна. Надал немаше среќа со ждрепката. Зверев е во изворедна форма. Тешкое да се игра против Саша. Не се сеќаван кога на ова ниво сум гледал сет во живо. Исклучок е Девис купот. Беше сјајно, тука беа Алкараз и Ига, сакавме да ја почувствуваме таа атмосфера, тој уникатен момент кој може да биде последен за Надал во кариерата, но изгледа дека нема да биде“.
Новак во четврток ќе го одигра натпреварот од второто коло против Шпанецот Роберто Карбалес Баена.