Спорт
Великаните стојат во ред за потписот на Хојлунд
Арсенал и Јувентус сакаат да го доведат напаѓачот на Аталанта, Расмус Хојлунд (20), објави „Калчомеркато“. Станува збор за Данец кој импресионираше на два квалификациски натпревари на својата репрезентација. Постигна хет-трик против Финска (3:1) во првото коло од групата Д, а потоа беше двоен стрелец во шокантниот пораз од Казахстан (2:3).
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус го гледа Хојлунд како замена за Душан Влаховиќ доколку српскиот напаѓач го напушти клубот во летниот преоден рок.
Според нивните информации ќе мора да побрзаат со преговорите бидејќи Хојлунд наводно е најблиску до Арсенал. Покрај тоа, вредноста на Хојлунд се зголемува. „Трансфермаркт“, моментално го цени на 35 милиони евра, а „Калчомеркато“, тврди дека Аталанта да слуша понуди помали од 45 милиони евра.
Минатата година Хојлунд преку Брондби, Холбек, Копенхаген и Штурм пристигна во Аталанта. Марија Пашалиќ. Играјќи за Штурм и Аталанта, сезонава постигна 14 гола на 33 настапи.
„Спортмедиасет“, на крајот на февруари објави дека Хојлунд го следи и Борусија Дортмунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

