Контакт

Спорт

Вернер: Премиер лигата ме спушти на земја

Објавено пред

Тимо Вернер признава дека бил спуштен на земја по проблемите што ги има со Челси и додава дека веќе не може да се смета за врвен стрелец бидејќи бил импресиониран од интензитетот на премиерлигашкиот фудбал.

dobivaj vesti na viber

Вернер пристигна на „Стемфорд бриџ“ од РБ Лајпциг за 47,5 милиони фунти минатото лето со огромна репутација на врвен напаѓач, но по 1:1 ремито против Саутемптон во саботата тој призна дека не ги исполнил очекувањата и дека физичката природа на Премиер лигата не му била позната.

„На почетокот имав некоја слика за себе дека можам да продолжам да ја правам мојата работа тука, но последните месеци бев спуштен на земја. Начинот на игра во Англија е тоа што немаш тивок натпревар. Фудбалерите се по 1,9 метар високи, физички брутални и многу брзи вклучувајќи ги и дефанзивците. Импресивен е интензитетот со кој се игра Премиер лигата“, вели 24-годишниот Вернер во интервју за германскиот магазин „Кикер“.

Спорт

Сане како слободен играч ќе го засили Галатасарај

Објавено пред

Лирој Сане одби да го продолжи договорот со Баерн, а германските медиуми тврдат дека тој сигурно ќе го напушти клубот. Сане, според овие извори бил блиску до преселба во Галатасарај.

dobivaj vesti na viber

Сане отпатува во САД со Баерн на Светско клупско првенство, но дека само прашање на денови е кога ќе потпише со турскиот првак.

Турскиот шампион ги подобри финансиските услови што му ги нуди на Сане, играч чиј договор со германскиот шампион истекува на крајот на јуни. Тотенхем и Арсенал исто така беа заинтересирани за неговите услуги.

Сане ја започна својата професионална кариера во Шалке, а потоа играше за Манчестер сити од 2016 до 2020 година. Тој се пресели од англискиот клуб во Баерн, за кој одигра 153 натпревари во Бундеслигата и постигна 40 голови. Со Сити освои две титули во Премиер лигата, а со Баерн четири во Бундеслигата.

Галатасарај работи на зајакнување на играчкиот кадар пред сезоната во која ќе игра во Лигата на шампионите. Вредноста на Сане според „Трансфермаркт“ е 32 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Чиле остана без пласман на СП и без селектор

Објавено пред

Фудбалерите на Чиле забелаа уште еден пораз во квалификациите за пласман на Светското првенство следната година. По поразот од Боливија (2:0), Чилеанците остнаа без шанси за пласман на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Ова е вистинска катастрофа за националниот тим, бидејќи не учествуваа и на претходните две Светски првенства, во Русија 2018 и Катар во 2022 година. Сето тоа се случи откако Чилеанците ја освоија Копа Америка во 2015 и 2016 година.

По поразот од Боливија, Чиле е на последното место на табелата во Јужна Америка. Како резултат на лошиот пласман, веднаш по поразот во Боливија, 67-годишниот Аргентинец Рикардо Гарека, доби отказ. Гарека го презеде Чиле во 2024 година, забележа само една победа во 13 официјални натпревари со Чиле.

Прикажи повеќе...

Спорт

Сити го потврди трансферот на Рејндерс

Објавено пред

Манчестер сити потврди уште едно засилување. Дресот на клубот од „Етихад“ ќе го носи и Холанѓанецот Тижани Рејндерс.

dobivaj vesti na viber

Сити го потврди трансферот од Милан на својата веб-страница, и иако не открија финансиски детали, медиумите објавија дека Сити ќе плати 70 милиони евра за трансферот на холандскиот репрезентативец, кој потпиша договор до летото 2029 година.

„Чест ми е што потпишав за Сити. Горд сум што сум дел од тимот на Пеп Гвардиола, чија работа ја следам со години, уште од Барселона со Лео Меси. Едвај чекам да почнам да работам со него и сигурен сум дека Гвардиола ќе ме направи уште подобар играч“, рече Холанѓанецот.

Пред Рејндерс, Сити ги претстави Рајан Аит-Нури и Рајан Шерки, додека голманот Маркус Бетинели пристигна од Челзи, кој ќе биде трет избор зад Едерсон и Стефано Ортега.

Нури пристигна за сума од околу 45 милиони евра, Шерки од Лион за 36+6 преку бонуси, што значи дека Сити потроши околу 150 милиони евра за летни засилувања.

Важно е да се истакне дека Пеп ќе може да смета на сите играчи на претстојното Светско првенство за клубови во САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Костова: Тотален дебакл на Мицкоски во економијата, инфлацијата го изеде семејниот буџет

Се случува тотален дебакл на економски план, економската политика на владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е целосно промашена. Последните податоци...

Македонија50 минути

За прв пат после шест години, учениците во основните училишта ќе имаат учебници по сите странски јазици, вели Јаневска

„Наместо училиштата да им делат парталави и неупотребливи учебници на учениците, треба да ги пријават во електронскиот систем на Министерството...

Македонија3 часа

Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел. „Во меѓувреме...

Македонија3 часа

(Фото) ДЗС: Пронајдени артилериска граната од 75 mm и рачна бомба од Првата светска војна

Во последното деноноќие, вчера во пределот на преспанскиот дел од Национален парк Галичица, беа пронајдени една артилериска граната 75 mm...

Свет4 часа

Хронологија на масакрот: Австриецот нишанел во главите на децата, оставил видео-порака за мајката

Првиот училишен ден по долгиот викенд. Потоа започнува ужасот: некои деца се преправаат дека се мртви, други очајно им се...

Европа5 часа

Словачка се заканува дека ќе ги блокира новите санкции кон Русија

Словачка би можела да го блокира новиот пакет санкции на Европската Унија кон Русија доколку Европската комисија не понуди решение...

Свет5 часа

Трамп: Нѐ напаѓаат странски непријатели, сакаат да предизвикаат инвазија

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека „странски непријатели“ го напаѓаат Лос Анџелес, каде што беснеат немири од петокот...

Европа6 часа

Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот

Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на...

Европа6 часа

(Видео) Масовен напад врз Харков, гори станбена зграда: има мртви и многу повредени

Во новите руски напади врз североисточниот украински град Харков во текот на ноќта во вторник загинаа две лица, а повеќе...

Свет15 часа

Америка до Русија: Веднаш престанете со нападите врз украинските градови

Руските напади врз украинските градови мора веднаш да престанат, изјави денес портпаролот на американскиот Стејт департмент, осудувајќи го еден од...

Свет15 часа

Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради...

Европа17 часа

(Видео) Убиецот оставил писмо пред масакрот во училиштето во Грац: расте бројот на жртвите

Масовниот убиец Артур А. (21) кој денес уби девет лица со пиштол и пушка во училиште во Грац, потоа изврши...

Свет17 часа

Трамп: Демонстрантите низ САД ќе се соочат со иста или поголема сила отколку во Лос Анџелес

Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Овалната соба дека ако протестите против имиграциските политики продолжат во...

Европа18 часа

ЕУ подготвува нов удар врз Путин, објавени се деталите

Европската комисија (ЕК) денес предложи 18-ти пакет санкции против Русија, главно насочени кон руските приходи од енергија и банкарскиот сектор....

Македонија18 часа

Сергеј Попов ги матираше СДММ, извади документ од кој се гледа како лажат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате,...

Европа19 часа

Зеленски за масакрот во Австрија: Длабоко сме потресени

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го коментираше денешното пукање во училиште во Грац, во кое беа убиени 10 лица, од кои...

Македонија20 часа

(Видео) „УМС фатени во лага – законот за пиротехника е прекрешен, а Тошковски молчи“, велат од СДММ

„Откако ја предизвикаа згрозеноста кај младите со срамната журка со пиротехника додека Македонија тагува за изгубените млади животи во Кочани,...

Топ20 часа

(Фото) Кривична против 29-годишен скопјанец: нелегално поседувал автоматска пушка и друго оружје и муниција, а ја истепал и сопругата

СВР Скопје – Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи...

Македонија21 час

Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од пожарот во Кочани

Повредените од пожарот во Кочани ќе бидат испратени на рехабилитација во Пониква. На денешната седница на Владата и официјално се...

Топ23 часа

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...