Спорт
Весели и Миротиќ ја „кренаа“ Барса до 2:0, Фенер направи брејк против Олимпијакос
Јан Весели и Никола Миротиќ блеснаа за Барселона, која потешко од очекувањата стигна до 89:81 победа над Жалгирис за да го удвојат водството пред гостувањето во Литванија.
Чехот Весели постигна 26 поени, најмногу за него оваа сезона со 10-од-14 од поле, додека Миротиќ имаше 22 поени, од кои 18 во второто полувреме, а одличната одбрана потоа ја запечати победата.
За Жалгирис, Едгарас Улановас постигна 13 поени, додека Игнас Браздеикис беше најефикасен со 20 поени. Третиот меч се игра во Каунас во среда, а Жалгирис има најдобар домашен скор во Евролигата оваа сезона од 25-4.
Во Грција пак, Фенербахче се врати од негатива од 16 поени, за да израмни на 1:1 во серијата против Олимпијакос за 82:78 победа. Во тилер завршница, Џонатан Мотли ги донесе Фенер во водство 77:76 на 1:31 пред крајот, за потоа во следниот напад Шек Меккисик да биде фаулиран и да ги промаши двете слободни фрлања. Фенер потоа утна два обиди од поле, пред Гудуриќ да ја го реши мечот со две слободни фрлања. Следните два меча се играат во Истанбул.
ЕВРОЛИГА, ПЛЕЈОФ
(2:0) Барселона – Жалгирис 89:81 (20:21, 25:23, 23:22, 21:15)
(1:1) Олимпијакос – Фенербахче 78:82 (24:10, 13:24, 19:17, 22:31)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ајакс го отпушти Хајтинга
По серијата лоши резултати, особено во Лигата на шампионите, Ајакс одлучи да го отпушти тренерот Џон Хајтинга.
Дебаклот против Галатасарај дома во Лигата на шампионите беше јасен знак дека е потребна промена на тренерската позиција. .
По четири кола од елитното натпреварување, Ајакс е на последното место без бодови, додека не им оди добро ниту во домашното првенство.
Тие моментално се на четвртото место со осум бода помалку од ривалите Феенорд и ПСВ, кои се на врвот на табелата.
Хајтинга беше член на тренерскиот штаб на Арне Слот во Ливерпул минатата сезона, каде што ја освои титулата во Премиер лигата, пред да одлучи да си замине и да започне самостојна работа во Ајакс.
Ајакс во следниот натпревар ќе ја предводи Фред Грим, кој ќе биде таму додека не дојде нов тренер.
Како ново решение се споменува Ерик тен Хаг, кој е без работа откако беше отпуштен во Баер Леверкузен.
Спорт
(Видео) Шкендија во 100-та минута остана без победа против Јагиелонија
FOTO/ EPA/GEORGI LICOVSKI
Во трилер завршница Шкендија остана без победа против Јагиелонија, во третото коло, во Конференциската лига. Дуелот во Скопје заврши 1:1, со што Шкендија го освои четвртиот бод и се наоѓа во група од осум тима, кои се наредени од 15-то до 22-то место на табелата.
Лиридон Љатифи во 49-та.минута со удар со глава по корнерот на Вебстер од десната страна, ја доведе Шкендија во водство.
Шкнедија беше на чекор до победата, кога во 96-та минута послкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот, но не издржа.
По 100-та минута, Серхио Лозано успеа да израмни на 1-1.
Спорт
Ван Бастен. Го ограбија Бриж против Барселона
Легендарниот Марко ван Бастен жестоко ги критикуваше судиите по драматичниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Клуб Бриж остана без голот за победа против Барселона во судиското надополнување на времето.
Холанѓанецот тврди дека белгискиот тим бил „ограбен“ откако ВАР системот го поништи голот за 4:3. Натпреварот заврши со резултат 3:3.
Погледнете ја контроверзната ситуација во приложеното видео од 11:14 минута.
Ромео Вермант постигна гол во судиското надополнување за 4:3. Сепак, прославата на домашниот тим беше прекината по долгата проверка на ВАР, а голот беше поништен поради прекршокот на Вермант врз голманот на Барселона, Војчех Шчесни.
Одлуката ја разбесни легендата на Милан и холандскиот фудбал, Марк ван Бастен.
„Клуб Бриж беше ограбен. Голот за 4:3 не требаше да биде понштен. Немаше фаул врз Шчесни, не го допре. Шчесни го направи да изгледа како прекршок, но не беше“, извика трикратниот освојувач на Златната топка.

