Спорт
Веспрем ќе игра за трета СЕХА круна, Мешков повторно не успеа

Унгарскиот Веспрем ќе се бори за својата трета титула од регионалната СЕХА лига, откако во првото полуфинале со 28:24 (12:13) го победи белорускиот Мешков Брест, кој ќе почека да ја освои својата прва титула.
Во финалето унгарските фаворити ќе играат со подобриот од дуелот меѓу актуелниот шампион Вардар и ППД Загреб, кој почнува во 20.30 часот.
По првичното водство од 3:1, Мешков успеа да се врати во игра и на полувреме да оди со 13:12 предност, која на крајот не беше доволна против Веспрем, кои поведоа со 17:15, а имаа и четири гола предност на десет минути пред крајот (24:20).
Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ беа најефикасни кај унгарскиот тим со по шест гола, додека нашиот Дејан Манасков уфрли три гола. Кај Мешков, Александер Шкурински беше најефикасен со пет гола.
Фото: СЕХА лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гундоган во Галатасарај, Антони во Фенербахче, Ангиса во Бешикташ

Најпопуларните турски клубови, големите ривали од Истанбул: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ исклучително се активни во преодниот рок.
Галатасарај, освојувач на дуплата круна, постигнал договор со искусниот Илкај Гундоган. Во следните неколку дена ќе потпише едногодишен договор по медицинските прегледи, ќе заработи пет милиони евра.
Поранешниот германски репрезентативец минатата сезона играше за Манчестер сити, реши да замине во Турција откако клубот не му понуди нов договор.
Бразилецот Ентони се врати во Манчестер Јунајтед од Бетис, каде што блескаше, но според англиските медиуми, тој нема да се задржи на „Олд Трафорд“. Бразилскиот офанзивен играч за врска ќе ја помине следната година на позајмица во Фенербахче како играч на „црвените ѓаволи“. Договорот меѓу двата клуба е постигнат, а финализирањето се очекува во следните неколку дена.
Еден од клучните играчи на Антонио Конте во походот на шампионската титула во Серија А, Франк Ангиса го напушти Наполи. Ангиса му се приклучи на Бешикташ.
„Црно-белите“ од Истанбул за трансферот на Ангиса издвоија 10 милиони евра, Наполи преку бунусите може да инкасира уште два милиони евра.
Спорт
Младинците на Пелистер поразени во полуфиналето од ГОГ Гудме

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister#
Младинците на Пелистер не успеаја да се пласираат во финалето на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Претпладнево, во Келн, Пелистер убедливо загуби во полуфиналето од ГОГ Гудме со 21:36 (12:17).
Пелистерци на фаворитот му парираа само во раната фаза од напреварот. Со серија од четири гола Данците ја создадоа првата посериозна разлика (4:8), а на полувреме младинците на Пелистер имаа минус од пет гола.
Данците во вториот дел го засилија темпото и практично ги решија сите дилеми околку конлениот обедник во 40.минута кога стакнаа двоцифрена предност (13:23).
Најефикасни кај Пелистер беа Хаџиќ и Буторац со по четири гола.
ГОГ Гудме во финалето ќе игра против победникот од второто полуфинале меѓу Барселона и Веспрем.
Спорт
Вестбрук ќе го напушти Денвер

Расел Вестбрук (36), рекордер во НБА по бројот на трипл-дабл (203), двократен најдобар стрелец, трикратен најдобар асистент во најсилната лига и МВП во 2017 година, по една сезона ги напушта Денвер Нагетс.
Инсајдерот Шамс Чаранија објави дека Вестбрук одбил да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Денвер за уште една сезона, па затоа ќе биде слободен играч од крајот на овој месец.
Вестбрук одигра 75 натпревари за Денвер оваа сезона и имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции, 4,9 скока и 1,4 украдени топки. Во плејофот имаше 11,7 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции. Никола Јокиќ со тоа останува без важен соиграч во Нагетс.
Иако е ветеран, Вестбрук е убеден дека може да се бори за подобар договор на пазарот од 3,4 милиони долари што би ги заработил следната сезона во Денвер.
Досега, играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс и Денвер.