Спорт
Вест хем го комплетираа трансферот на Кудус од Ајакс
Вест хем го потврдија трансферот на Мохамед Кудус од Ајакс, плаќајќи 35.5 милиони фунти за репрезентативецот на Гана, кој потпиша петгодишен договор со опција за уште еден со премиерлигашот.
23-годишниот фудбалер од средниот ред ќе го носи дресот со брј 14 во Вест хем и трансферот го комплетира три дена откако постигна хет-трик за Ајакс при 4:1 победата над Лудогорец во квалификациски меч за Лига Европа.
„Сонував да играм во Премиерлигата цел живот. Пресреќен сум што сум тука и сакам да ветам дека ќе го дадам максимумот за нашите навивачи и дека ќе се обидам да им понудам забавен фудбал“, вели Кудус.
We are delighted to welcome Mohammed Kudus to the Club! ⚒️
— West Ham United (@WestHam) August 27, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пикси: А зошто да не ги нападнеме Англичаните?
Фудбалската репрезентација на Србија, вечерва во Гелзенкирхен, ќе дебитира на Европските првенства под ова име. Србите, во Д групата за противник ја имаат селекцијата на Англија.
Во Србија за разлика од Светското првенство во Катар, нема некоја голема еуфорија. Целта е да се помине групата, во која уште се Данска и Словенија.
„Многу сум порелаксиран, помирен во споредба со Катар. Верувам, ги чувствувам и играчите… Тогаш имавме мала болница со нас, сега е многу подобро“, рече српскиот селектор, Драган Стојковиќ и дополни.
„Зошто да не ги нападнеме Англичаните? Ја почитуваме моќта на Англија, Србија нема да чека и да гледа како игра еден од фаворитите на првенството. Ќе се обидеме да одиме напред, офанзивно. Го познавам тимот, би било глупо да не го знам. Убеден сум дека играчите ќе дадат се од себе за да ги испочитуваат договорите. Исто така го знам и англискиот тим, но тука ќе го оставам Саутгејт да зборува“.
Дуелот Србија-Англлија во Гелзенкирхен ќе започне во 21 часот.
Спорт
(Видео) Шоу на Јокиќ и Марјановиќ во Сомбор
Српските кошаркари Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ знаат како да го искористат времето по завршувањето на напорната сезона во НА лигата.
Центарот на Хјустон, Марјановиќ, дел од одморот реши да помине во Сомбор кај актуелниот МВП во НБА лигата.
Тие двајца уживаа претходната вечер со песните на Ана Бекута.
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа дека двајцата, во доцните часови лудо се забавуваат во една кафеана во Сомбор.
Јокиќ наскоро ќе започне со подготвките за Олимписките игри, од друга страна Марјановиќ не доби повик од селекторот на Србија.
Nikola Jokić i Bobi Marjanović u provodu uz Anu Bekutu 😅🕺🏼
📍Meanwhile in Sombor, Serbia pic.twitter.com/6SbDBYhH2t
— Flouter (@FlouterNET) June 15, 2024
Спорт
Три нови натревари на ЕП, дербито е во Гелзенкирхен
Третиот ден ЕУРО 2024 носи три нови натпревари, два во Ц и еден во Д групата.
Програмата ќе ја отворат две репрезентации од групата Д. Тоа се Холандија и Полска. Двете репрезентации од 15 часот ќе го започнат натпреварот на стадионот Фолкспарк во Хамбург.
Вториот натпревар ќе започне во 18 часот. Првиот меч во Ц групата ќе го одиграат Словенија и Данска. Натпреварот се игра во Штутгарт.
Последниот натпревар ќе се одигра во Гелзенкирхен. Од 21 часот силите ќе ги одмерат Србија и Англија.