Спорт
Вестбрук и Хјустон преку Селтикс, пораз за Лејкерси (видео)
Расел Вестбрук постигна 41 поен, а Џејмс Харден по слабата шутерска вечер ги постигна двете слободни фрлања на 24.3 секунди пред крајот на продолжението, за Хјустон рокитс повторно да ги совлаат Бостон селтикс, овојпат со 111:110.
Харден имаше 21 поен со мизерни 7-од-24 од поле и загуби пет топки, но неговите слободни фрлања донесоа водство за Рокитс.
Џа Морант постигна 27 поени и дури 14 асистенции за Мемфис гризлис да ја прекинат низата од пет порази со 105:88 победа над Лос Анџелес лејкерс, кои загубија пак по седум меча. Дилон Брукс даде 24 поени, а Јонас Валанчиунас додаде 22 поени и 20 скока, за Гризлис по три порази од Лејкерс, конечно да ги победат.
Леброн Џејмс имаше 19 поени, 10 асистенции и 8 скока за Лејкерси, а Ентони Дејвис даде 15 поени и имаше 9 скока, но Лос Анџелес постигна само 88 поени, најмалку оваа сезона.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Хјустон 110:111 ОТ
Мемфис – ЛА Лејкерс 105:88
Атланта – Портланд 129:117
Њујорк – Чикаго 125:115
Мајами – Бруклин 116:113
Индијана – Кливленд 113:104
Сан Антонио – Орландо 114:113
Голден Стејт – Феникс 115:99
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

