Спорт
Ветеранот Изнер постави рекорд по бројот на асови, па загуби од Синер
Надежта на италијанскио тенис, Јаник Синер, во петокот со 6:4/7:6(3)/6:3 го совлада американскиот ветеран Џон Изнер за пласман во третото коло на Вимблдон, но Американецот може да биде задоволен што покрај рекордот за најдолг меч во историјата на гренд слемот на трева, запиша уште еден светски рекорд.
Со својот петти ас во петокот, Изнер го сруши рекордот на Хрватот Иво Карловиќ од 13.728 аса во кариерата, запишувајќи се во историјата на тенисот со еден рекорд кој тешко дека ќе биде срушен. Пред мечот, 37-годишниот Изнер имаше 629 аса само во 2022 година, како апсолутен лидер.
„Тоа е навистина кул работа и нешто на што сум горд. Ќе бидам лидер на сите времиња, а ако продолжам ќе можам и да го подобрам рекордот. Не знам дали некој ќе може да го сруши, може да сум на врвот долго време“, изјави пред мечот 37-годишниот Изнер, кој седум сезони е лидер на АТП-турнејата по бројот на асови и кој во долгата кариера има 16 АТП-титули.
Во 2010 година, на Вимблдон, Изнер и францускиот тенисер Никола Мау одиграа меч кој тешко дека ќе се повтори. Во три дена игра, тие имаа ефективни 11 часа и 5 минути тенис и победа на Изнер од 6:4/3:6/6:7(9)/7:6(3)/70:68 со вкупно 183 одиграни гемови. Бидејќи од оваа година на сите гренд слемови се сменија правилата со воведување на тај-брејк во петтиот сет, овој рекорд речиси сигурно никогаш нема да биде срушен.
Следен за Синер, пак, е уште еден тенисер од кој се очекува многу во иднина, шпанскиот ас Карлос Алкараз, кој лесно со 6:3/6:1/6:2 го „збриша“ Германецот Оскар Оте за првпат во кариерата да влезе во четвртото коло на Вимблдон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

