Спорт
Видарсон доби доби отказ по победата 7:0

Селекторот на фудбалска репрезентација на Исланд, Арнар Видарсон доби отказ откако неговите избраници го совладаа Лихтенштајн со 7:0 во квалификациите за ЕП 2024 во Германија.
Пред да го демолира Лихтенштајн, Исланд беше убедливо поразен од репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:0. Овој пораз му пресуди на Видарсон.
Во јуни, во квалификациите за ЕП, Исланд прво го очекува меч со Словачка на домашен терен на 17 јуни, а потоа три дена подоцна и против Португалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Сити подготвува нов договор за Халанд

Фудбалскиот клуб Манчестер сити планира да му понуди продолжување на договорот на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд по завршувањето на сезоната, пренесува „Дејли Телеграф“.
Халанд минатата година пристигна во Манчестер сити од Борусија Дортмунд за 60 милиони евра, со „граѓаниѕе“ има договор до 30 јуни 2027 година.
Оваа сезона за Манчестер сити во сите натпреварувања постигна 52 гола на 52 натпревари.
Халанд претходно изјави дека во текот на кариерата сака да игра во сите пет големи европски лиги, а се шпекулираше дека би можел да ја продолжи кариерата во Реал.
Британските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер сити сакаат со нов договор да спречат какви било преговори со мадридскиот клуб.
Халанд во првата сезона со Сити ја освои Премиер лигата и ФА Купот, а има можност да слави и во Лигата на шампионите, доколку во сабота, Сити го победи Интер.
Спорт
Тројца фудбалери кои играа на СП во 2002 се уште се активни

Златан Ибрахимовиќ и Хоакин, во неделата ги завршија своите фудбалски кариери. Нивното пензионирање значи дека сега има само тројца играчи од СП 2002 во Јапонија и Кореја кои активно се занимаваат со фудбал.
Прв меѓу нив е Џанлуиџи Буфон, легендата на италијанскиот фудбал кој се уште настапува за Парма. Тој се уште нема донесено одлука за повлекување. Буфон со својата долговечност и квалитет стана икона на голманската позиција, па и на 43 години пружа спектакуларни партии.
Вториот е Роке Санта Круз, парагвајскиот фудбалски великан и поранешен капитен на националниот тим. Санта Круз имаше одлична кариера каде играше за клубови како Баерн, Манчестер Сити, Бетис и Малага. Тој денеска на 41 година настапува за Либертад во својата татковина и го чека крајот на кариерата.
Третиот фудбалер е Бартоломеј Огбече, 38. годишен напаѓач кој моментално игра во Индија за Хајдерабад. Во 2002 година Огбече ја претставуваше Нигерија на Светското првенство, а во текот на кариерата играше за познати клубови како ПСЖ, Мец, Алавес, Реал Ваљадолид и Кадиз. Огбече има договор со Хајдерабад до ова лето, прашање е дали ќе ја продолжи кариерата.
Спорт
Зверев доминираше против Димитров за четврт-финале на Ролан Гарос

Германскиот тенисер Александер Зверев го совлада Бугаринот Григор Димитров со 3:0 во сетови (6:1, 6:4, 6:3) и се пласира во четврт-финалето на Ролан Гарос. Во следната рунда за ривал ќе го има Томас Мартин Ечевери.
Димитров освои само еден гем во првиот сет. Зверев продолжи со добра игра и во вториот сет, добивајќи го со 6:4 во гемови.
Во третиот сет му препушти три гема на Димитров.