Спорт
(Видео) Агонијата на Ливерпул трае, Манчестер јунајтед победи на „Енфилд“
Манчестер јунајтед го доби најголемото дерби во англискиот фудбал. На „Енфилд“, Јунајтед го победи Ливерпул со 2:1. Прв пат во ерата на Рубен Аморим, Манчестер јунајтед забележа две победи по ред во Премиер лигата. Ливерпул потврди дека е во криза, има четири порази во низа, три од нив се во првенството. Голот за победа со кој Јунајтед победи во Ливерпул за прв пат по ноември 2016 година, го постигна Хари Мегваер во 83-та минута.
Јунајтед експресно дојде до предност, по само 61 секунда, по додавањето од Диало, стрелец беше Мбеумо.
Ливерпул во првиот дел не блескаше, но имаше две големи шанси, преку Гакпо. Репрезентативецот на Холандија два пати ја погоди стативата. Во овој дел од играта, шанса за Јунајтед имаше Бруно Фернандеш.
Вториот дел апсолутно му припадна на Ливерпул. Целосна иницијатива, шанса за Исак, потоа и за Салах, два опасни удари на Екетике. Домаќините изедначија во 78-та минта, мешаница пред голот ан Јунајтед, а Гакпо од пет метри ја спроведе топката во голот.
Холанѓанецот три минути подоцна од чиста позиција, по центаршутот на Фримпонг, од пет метри ја испрати топката крај голот.
Казната дојде во следниот напад. Ливерпул одбрани корнер, но топката пред голот ја врати Фернандеш. Мегваер највсокот скокна и го совлада Мамардашвили.
До крајот Ливерпул притисна со сите сили, Јунајтед сепак успеа да се одбрани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Словенците со големи проблеми пред стартот на Европското првенство
Ракометната репрезентација на Словенија, се соочува со големи проблеми пред почетокот на Европското првенство. Ситуацијата е таква што локалните медиуми ја окарактеризираа како „катастрофална“.
Селекторот Урош Зорман се соочи со огромен број повреди, па на списокот на оние кои нема да можат да играат се Алекс Влах, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц, Јака Малус, Нејц Цехте и Блаж Благотиншек.
Последен во низата што се повреди и се врати од репрезентативниот камп во Норвешка е голманот Клемен Ферлин.
36-годишниот голман со многу искуство не тренираше во последните неколку дена, па се врати во Словенија за да направи дополнителни тестови.
Остатокот од тимот е во Норвешка, каде што се подготвуваат да го отворат турнирот против Црна Гора во петок, во Осло.
Освен Црна Гора, Словенија ќе игра против Фарските Острови и Швајцарија во Д групата.
Foto/ freerangestock
Спорт
Белингам за Алонсо: Не верувајте во сè што ќе прочитате
Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, зазеде силен став против гласините што се појавија веднаш по отпуштањето на Чави Алонсо од тренерската позиција.
„Атлетик“ и „ESPN“ тврдеа дека тој, Винисиус Жуниор и Федерико Валверде не му верувале на својот претходен „учител“.
„Премногу ги споменувам овие работи, секогаш надевајќи се дека вистината ќе излезе на виделина со текот на времето. Но, искрено… Каков метеж. Навистина ми е жал за луѓето што се држат до секој збор што го кажуваат овие кловнови и нивните „извори“. „Не верувајте во сè што читате, од време на време овие луѓе треба да бидат одговорни за ширењето на такви штетни дезинформации за кликови и понатамошни контроверзии“,
напиша Белингам на својата лична мобилна апликација „JB5“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Дуан замина од Алпин
Австралискиот возач Џек Дуан, спогодбено се раздели со Алпин, објави францускиот тим.
Дуан го имаше своето деби во Формула 1 на последната трка од сезоната 2024 и ја започна сезоната 2025 како тимски колега на Пјер Гасли.
Сепак, по само шест трки, тој беше заменет од Франко Колапинто и до крајот на сезоната беше резервен возач.
Алпин, соопшти дека Дуан е ослободен за да му се овозможи „да бара други професионални можности“.
Foto/ depositphotos

