Спорт
(Видео) Ајакс го смени грбот

Најтрофејниот холандски клуб и еден од најуспешните европски, Ајакс реши од следната година да има нов грб.
Грбот не е целосно нов, туку во клубот најавија дека то ќе биде враќање на корените.
Како и досега, на грбот ќе го има античкиот херој Ајакс, чие име го носи клубот. Разликата е во тоа што ќе биде во поинаков формат.
Ваков портрет го красеше грбот на Ајакс од 1928 до 1991 година, кога грбот беше сменет во денешната верзија. Според оваа верзија, која ќе влезе во историјата на крајот на годината, Ајакс е претставен со 11 линии, кои го симболизираат бројот на играчи во фудбалскиот тим.
Ајакс во богатата историја 36 пати бил шампион на Холандија, 20 пати освојувач на националниот Куп, четири пати бил европски првак, а во витрините има по еден трофеј во Купот на УЕФА (Лига Европа) и Купот на победниците на куповите. Ајакс е еден од шесте европски клубови кои освоиле барем еден од овие три трофеи.
New but familiar surroundings. What do you think? pic.twitter.com/Ba9VnEOwhd
— AFC Ajax (@AFCAjax) November 17, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Клиперсите го пречекаа Јокиќ со коњски глави

Денвер Нагетс претрпеа тежок пораз од ЛА Клиперс (83:117) во третиот натпревар од првото коло од плејофот на Западот. По првиот натпревар во Лос Анџелес, во серија која се игра на четири победи, Клиперсите водат со 2:1.
Кај гостите, Никола Јокиќ беше најдобар. Актуелниот и трикратен МВП на најсилната лига постигна 23 поени (9/14 шут од игра) со по 13 скока и асистенции. Јокиќ беше најдобар играч на натпреварот во сите три најважни категории, но неговиот тим убедливо загуби.
The Clippers gave fans horse hats to distract Nikola Jokić😂😂 #MileHighPlayoffs pic.twitter.com/Q0ZetbeqOX
— Guerilla Sports (@guerillasports_) April 25, 2025
Пред натпреварот, Клиперси им обезбедија на најстрасните навивачи специјални реквизити наменети да го провоцираат најдобриот противнички играч. За навивачите кои се зад кошевите, во делот од гледалиштето познат како „Ѕидот“, на столчињата имаше плишани коњски глави.
Клиперси им делеа реквизити на навивачите за да го одвлечат вниманието на Јокиќ, особено кога ги изведуваше слободните фрлања свртен кон „Ѕидот“.
Оваа бизарна провокација е насочена кон Јокиќ бидејќи тој е голем љубител на коњи и сопственик на хиподром во неговиот роден Сомбор.
The horse distractions worked on Jokic 😭 pic.twitter.com/86jWAKN5U8
— BricksCenter (@BricksCenter) April 25, 2025
Ова не е прв пат Јокиќ да биде пречекан со ваков вид провокација кај Клиперс. Минатиот декември, додека шутираше слободни фрлања во Лос Анџелес, еден домашен навивач држеше транспарент на кој пишуваше „Тато, ми недостигаш“, а носеше маска на коњ.
Српските медиуми бурно реагираа на оваа „акција“ на Клиперсите.
„Телеграф“ пишува за неа под наслов „Срамна провокација за Никола Јокиќ: Коњски глави го пречекаа Србинот во Лос Анџелес, НБА не паменти вакво нешто“. Насловот на „Блиц“ е „Отворена провокација од Клиперси за Јокиќ! Погледнете што го пречека Србинот во Лос Анџелес, ова никогаш не е видено во НБА“.
Спорт
Мобли е дефанзивец на сезоната во НБА лигата

Кошаркарот на Кливленд, Еван Мобли, е прогласен за најдобар дефанзивец во американската професионална кошаркарска лига (НБА) за сезоната 2024/2025.
23-годишникот беше прогласен за одбранбен играч на месецот двапати во текот на сезоната, во декември и февруари.
Мобли оваа сезона имаше просек од 18,5 поени, 9,3 скока и 3,2 асистенции по натпревар, а имаше просек од 1,59 блокади, 0,9 украдени топки и седум дефанзивни скока по натпревар.
Тој ја освои наградата „Хаким Олаџувон“ пред Дисон Даниелс од Атланта и Дрејмонд Грин од Голден Стејт.
Кливленд го заврши регуларниот дел од сезоната како прв во Источната конференција со 64 победи и 18 порази, а во првото коло од плејофот играат против Мајами и моментално водат со 2:0 во серијата.
Спорт
(Видео) Дебакл на Денвер во ЛА, нестварен пресврт на Оклахома, Њујорк го врати брејкот

Денвер доживеа дебакл во Лос Анџелес, Оклахома со нестварен пресврт победи во Мемфис, а Њујорк го врати брејкот во Детроит, во третите натпревари од четвртфиналните серии во НБА лигата.
Лос Анџелес Клиперс го прегазија Денвер со 117:83 и поведоа во серијата со 2:1. Залуден беше трипл-даблот на Никола Јокиќ со 23 поени и по 13 скока и асистенции. Покрај Јокиќ само двајца кај Денвер беа двоцифрени: Џамал Мареј постигна 23 поени, а Арон Гордон имаше 15 поени и 7 скока.
Клиперси ги предводеше одличниот Кавај Леонард со 21 поен, 11 скока и 6 асистенции, Џејмс Харден имаше 20 поени, 6 скока и 9 асистенции, Норман Пауел додаде 20 поени, додека Ивица Зубац имаше 19 и 9 скока.
Оклахома во Мемфис надополни минус од 29 поени, победи со 114:108 и поведе во серијата со 3.0.
Во текот на втората четвртина, Мемфис водеше со 29 поени разлика (69:40), но Оклахома го започна пресврт на крајот од третата четвртина и влезе во последната четвртина со минус осум.
Сето тоа подоцна резултираше со целосен пресврт, Џуниор Тандер ја презеде контролата во одлучувачките 12 минути и на крајот победи. проблем за Мемфис е повредата на Џа Морент, кој го напушти теренот на три минути до крајот на првото полувреме.
Најдобар кај Оклахома беше Шеј Гилџис-Александар со 31 поен, осум асистенции и четири скока, а потоа следуваа Џејлен Вилијамс со 26 и Чет Холмгрен со 24 поени.
Кај Мемфис, Скоти Пипен со 28 и Џарен Џексон со 22 поени беа подобри од другите.
Четвртиот натпревар се игра во сабота, а домаќин е Мемфис.
Њујорк Никс веднаш го вратија брејкот и победија со 118:116 за водство во серијата со 2-1.
Ударниот тандем на Никс, Таунс-Бренсон, го предводеше тимот до победата.
Карл-Ентони Таунс доминираше на почетокот, а Џејлен Брансон на крајот од натпреварот.
Таунс постигна 11 од своите 31 поен во првата четвртина, а Бренсон постигна 12 од своите 30 во решавачкиот период.