Спорт
(Видео) Алегри фатен во казино, се обложувал на фудбалски натпревари
Скандалот со нелегалниот обложување ги полни насловните страници во исталијанските медиуми. Фудбалерите Николо Фаџоли, Сандро Тонали и Николо Заниоло паднаа први во истагата на обвинителството. Засега сигурно е дека играчот од средниот ред на Јувентус Фаџоли ќе добие седуммесечна суспензија, а завчера пред судот ја кажа својата верзија на приказната. Медиумите шпекулираат дека Тонали ќе биде суспендиран 16 месеци и дека на терените ќе се врати дури во 2025 година.
Проблемите за Јувентус би можеле да станат уште поголеми бидејќи „кралот на папараците“, Фабрицио Корона, објави дека во скандалот е вмешан и тренерот Масимилијано Алегри.
Наводно Алегри се обложил на натпревари од Серија Б преку пријател кој платил билети во негово име. Алегри беше фатен и во казино во Монте Карло за време на пандемијата на коронавирус.
„Тој постојано се коцкал. Еднаш добил 30 илјади евра, а лицето до него му дал 3.000 евра, велејќи дека е за ливчето за обложување. Неговиот пријател го уплатил ливчето за него. Од казиното се обложувал на натпревари од Серија Б“, рекол информаторот на Корона.
Коцкањето во казино не е спорно за Италијанците, но обложувањето на натпревари е проблематично. Да потсетиме, Фаџоли неодамна призна дека се обложил на фудбалски натпревари.
На спортистите во Италија им е забрането да се обложуваат на натпревари организирани од Италијанската фудбалска асоцијација, УЕФА и ФИФА и им е забрането да ставаат облози директно или индиректно.
Сандро Тонали (23) и Николо Заниоло (24), италијански репрезентативци и играчи на англиските клубови Њукасл и Астон Вила, се во центарот на аферата заедно со Фаџоли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лудница на „Крејвен Котиџ“, Фулам – Сити 4:5
Фулам и Манчестер Сити приредија вистинска голеада на „Крејвен Котиџ“, а конечниот резултат во Западен Лондон беше 4:5 (1:3).
„Граѓаните“ влегоа во овој натпревар како фаворити, што го покажаа во првото полувреме со головите на Ерлинг Халанд, Тижани Рејндерс и Фил Фоден во 17-та, 37-та и 44-та минута.
Емил Смит Рау го намали водството на гостите во втората минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Во вториот дел Сити дојде до предност 5:1 благодарение на вториот гол на Фоден во 48-та минута и автоголот на Сандер Берге во 54-та минута.
Сепак, друг поранешен играч на Арсенал, Алекс Ивоби, му даде поттик на Фулам со гол во 57-та минута, а домашните се заканија со пресврт преку Самуел Чукувезе, кој постигна гол во 72-та, а потоа и во 78-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Ред Бул го потврдија Хаџар се следната сезона
Францускиот возач Исак Хаџар ќе вози крај Макс Ферстапен следната сезона во Ред Бул, потврди австрискиот тим.
Хаџар (21) беше промовиран по одличната дебитантска сезона во Формула 1, во која неговиот најдобар пласман беше третото место во Холандија. Младиот Французин ќе го замени Јуки Цунода во тимот, кој со тоа останува без место во Формула 1, бидејќи за него нема место во ниту еден друг тим, дури и во сестринскиот Рејсинг Булс.
Местото на Хаџар, крај Лиам Лосон, во Рејсинг Булс, ќе го заземе Арвин Линдблад, кој годинава беше седми во Формула 2, и со години е член на програмата за млади возачи на Ред Бул.
Линдблад го зазеде единственото слободно место во Формула 1 за следната сезона, а се очекуваше дека некој млад возач ќе ја добие можноста на сметка на Цунода.
Јапонецот ја напушта Формула 1, барем што се однесува до блиската иднина, по пет години, откако доби шанса во Ред Бул од третата трка во сезоната, но во ниту еден момент не беше ни блиску до својот тимски колега.
Најдобриот пласман на Цунода во последните пет сезони е четвртото место во Абу Даби 2021. Лосон го загуби местото во Ред Бул по две трки оваа сезона, но со своите изданија во Рејсинг Булс, тој заслужи да остане во тимот следната година.
Овогодинешното првенство во Формула 1 завршува овој викенд со Големата награда на Абу Даби. Во последната трка Норис влегува со 12 поени повеќе од Ферстапен и 16 од Оскар Пјастри.
Foto/ EPA
Спорт
Серена Вилијамс се враќа од пензија
Американската тенисерка Серена Вилијамс, освојувачка на 23 гренд слем титули, поднесе документација што го иницира нејзиното враќање во 2026 година.
Серена (44) последен пат играше на Отвореното првенство на САД во 2022 година, каде што победи на два натпревари пред да изгуби од Ајла Томљановиќ во третото коло.
Тој пораз се случи на 2 септември, а само еден ден подоцна, Серена поднесе барање за официјално пензионирање до Меѓународната агенција за интегритет на тенисот, што значеше дека повеќе нема да мора да го открива своето место на живеење, за случајни допинг тестови на дневна основа.
Вилијамс имаше намера да се врати порано, во Њујорк оваа година, за да игра двојки со постарата сестра Венус, но таквото спонтано враќање, на краток рок, не е дозволено.
Серена се најде на регистрираната листа за тестирање на ITIA во октомври, по повеќегодишна пауза. На тој начин, е на добар пат да се врати до април 2026 година, за шест месеци.
Вилијамс освои 23 гренд слем титули во својата кариера и помина 319 недели на врвот на листата на ВТА.
Foto/ EPA

