Спорт
(Видео) Аргентина го прегази Чиле, Венецуела на 4.150 метри остане без воздух во Боливија
Аргентина и Боливија забележаа победи во првите два натпревари од 7.коло во рамките на јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство.
Аргентина на „Монументал“ славеше над Чиле со 3:0 и дополнително се зацврсти на челната позиција на табелата. Без Меси и Ди Марија, Аргентинците издоминираа против Чиле.
Головите актуелните светски и јужноамерикански шампиони ги постигнаа во второто полувреме, два од нив во последните седум минути.
Серијата ја отвори Алексис Мекалистер во 48.минута. Играчот на Ливерпул со гол ја заврши акцијата на Алварез и Лаутаро Мартинез.
Lautaro Martínez, Balón de Oro. pic.twitter.com/c3KEIUfuSz
— Archivo Lautaro (@ArchivoLautaro) September 6, 2024
Во 84.минута Алварез постигна спектакуларен гол, а точка на мечот во 91.минута стави Дибала.
EL GOLAZO ESPECTACULAR DE JULIÁN ÁLVAREZ 🇦🇷🤯pic.twitter.com/gi5TXTinYU
— La Página Millonaria (@RiverLPM) September 6, 2024
PAULO DYBALA'S GOAL FOR ARGENTINA! 🇦🇷pic.twitter.com/AMELJZVcCU
— Roy Nemer (@RoyNemer) September 6, 2024
Боливија на пречека Венецуела на новиот стадион во Ел Алто, вториот град по големина во оваа држава. На надморска височина од 4.150 метри, Боливијците го декласираа противникот.
Вака во 13.минута и Алгараназ во последните секунди во првиот дел ја најавија победата на Боливија. Веднаш на старотт на вториот дел погоди и Мигелито, а во претпоследната минута Монтеиро ги постави конечните 4:0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ во Монако од 0:2 до 3:2
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Монако со 3:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите.
„Светците“ ќе го слават моментот кога Дезире Дуе стапна на теренот, бидејќи Дембеле мораше да го напушти теренот во средишницата од првото полувреме.
Но, пред тоа, сè што можеше да тргне наопаку за Пари Сен Жермен се случи.
Монако поведе во првата минута. Головин му асистираше на Балогун, кој го свлада Сафонов. Монако продолжи во ист ритам и ја дуплираше предноста.
Балогун му избега на Маркињос и повторно и лесно ја смести топката во голот.
ПСЖ можеше да се врати во игра кога Кварацхелија изнуди пенал, но Кен го одбрани ударот на Витиња. Но, пет минути подоцна, Дуе влезе во игра.
По само 80 секунди, одзеде топак и ја погоди мрежата. До крајот на првото полувреме, избраниците на Луис Енрике израмнија.
Шут од далечина, Кен одбрани, но Хакими налета на одбиената топка и го израмни резултатот.
Пресвртот пред пресвртот на ПСЖ се случи на почетокот од второто полувреме кога Головин заработи директен црвен картон по фаулот врз Витиња.
Дуе повторно стапи на сцена, доби додавање од Ворен Заир Емери и од 12 метри го постигна голот за победа.
Foto/ EPA
Спорт
Германците ги освоија медалите во боб двосед
Германија го повтори својот неверојатен успех и ги освои сите три медали во боб двосед на Зимските олимписки игри. Златото им припадна на Јоханес Лохнер и Георг Флајшхауер, среброто на Франческо Фридрих и Александар Шулер, додека дебитантите Адам Амур и Александар Шалер ја освоија бронзата.
Победата на Јоханес Лохнер и неговиот сопирач Георг Флајшхауер беше сигурна уште од првото возење во понеделникот. Лохнер, кој настапува на своите трети и последни Олимписки игри како лидер во двете дисциплини во боб, ги оправда очекувањата во вторникот и стигна до златото со огромна разлика од 1,34 секунди. За 35-годишниот пилот, ова е трет олимписки медал, но прво злато.
Ваквиот расплет е пресликан од последните Игри во Пекинг во 2022 година, кога Германија исто така ги освои сите медали во боб двосед. Тогаш Фридрих беше прв, а Лохнер втор. Последната нација што постигна таков подвиг на Зимските игри по ред беше исто така Германија, во санкање за жени во 2002 и 2006 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Винисиус постигна спектакуларен гол, па направи хаос, Мурињо исклучен
Реал Мадрид стекна минимална предност во дуелот со Бенфика, во првиот бараж меч за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. На „Да Луж“, во Лисабон, Реал ја победи Бенфика со 1:0. Единствениот гол во 50-та минута го постигна Винисиус Жуниор.
Три недели по спектакуларната пресметка во првата фаза и голот на голманот Трубин во 98-та минута, Бенфика и Реал одиграа уште еден натпревар. За разлика тој меч, во кој беше надигран, Реал доминираше и на крајот заслужено победи.
Во силно темпо мина првото полувреме, првите 15 минути им припаднаа на домаќините, потоа Реал воспостави контрола, а во последните пет минути од првиот дел Трубин три пати спречи водство на Реал.
Вториот дел започна со брилијантниот гол на Винисиус во 50-та минута.
Провокацијата на Винсиус ја вжешти атмосферата на стадионот. Бразилецот заработи жолт картон за провокативната прослава на голот, откако доби жолт картон му се пожали на судијата дека бил расистички навредуван од Џанлука Престијани од Бенфика.
Винисиус потоа седна на клупата, не сакаше да игра. Прекинот траеше 10 минути.
Прекинот го „уби“ одличниот ритам во кој беа двата тима. По една полу шанса имаа едните и другите. Потоа интересен момент во 85-та минута.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
Реваншот се игра наредната среда во Мадрид.
Foto/ EPA

