Спорт
(Видео) Аталанта избори место во ЛШ

Аталанта следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Тимот од Бергамо на тој начин им се приклучи на Интер, Милан, Јувентус и Болоња со оглед дека Италија ќе има пет претставници во елитата.
Аталанта во претпоследното коло победи во Лече со 2:0.
Гостите пропуштија можности преку Пашалиќ во шестата, Скамака во 27. кога ја погоди гредата, Запакоста во 39. минута …
Сепак, во вториот дел, тимот од Бергамо постигна два гола, поведе преку Де Кетеларе во 48. минута, а само пет минути подоцна Скамака го постави конечниот резултат.
На две кола пред крајот Аталанта има шест бода повеќе од шестопласираната Рома, но и подобар меѓусебен скор, па теоретски си го обезбедија пласманот во Лигата на шампионите, додека Лече е во сигурната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бостон има нов сопственик – Селтикси се најскапата франшиза

Еден од главните партнери на „Symphony Technologies Group“, Бил Чисолм е новиот сопственик на Бостон Селтикс.
Веста ја објави новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија.
Како што наведе, Чисолм ќе му плати на семејството Гросебек неверојатни 6,1 милијарди долари.
Доколку оваа цена се покаже како точна, Бостон Селтикс ќе биде најскапата спортска франшиза во Северна Америка.
За работите да бидат уште поневеројатни, Грусбекс ги купија Селтикс во 2002 година за само 360 милиони долари.
Бостон Селтикс се актуелни шампиони во НБА, низ историјата 18 пати биле шампиони, што ги прави најтрофејна франшиза.
По 69 одиграни натпревари оваа сезона, Бостон е на второто место на Истокот со 50 победи и 15 порази.
Спорт
Јапонија обезбеди пласман на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Јапонија официјално се пласираше на Светското првенство следната година, откако ја оправда улогата на фаворит на домашен терен со победата над Бахреин со 2:0.
Уште пред денешната пресметка во Саитама се знаеше дека „Самурајите“ се блиску до седмото последователно учество на планетарниот шампионат, а сите дилеми беа решени со очекуваната победа.
Јунак на јапонскиот триумф беше првотимецот на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, кој најпрвин му асистираше на Даичи Камада во 66. минута за водство од 1:0, а потоа ја удвои предноста за конечен резултат на три минути до крајот на натпреварот.
На три кола пред крајот на третата фаза од азиските квалификации, Јапонија ги реши сите дилеми околу квалификациите за Светското првенство, бидејќи нема теоретски шанси да падне под второто место.
Да потсетиме дека Јапонците својот најголем успех го постигнаа со пласманот во осминафиналето на Светското првенство во четири наврати – во 2002, 2010, 2018 и 2022 година.
Спорт
Сезоната заврши за Паоло Дибала

Фудбалерот на Рома, Пауло Дибала мора да оди на операција на тетивата. Клубот соопшто дека сезоната за Дибала е завршена.
„Пауло Дибала ќе биде опериран во следните неколку дена по повредата на тетивата на левата нога. Играчот и клубот се договорија дека тоа е вистинскиот пат за оптимално закрепнување од повредата. Најдобри желби за брзо закрепнување Пауло, те очекуваме“, се вели во соопштението на Рома.
Аргентинецот оваа сезона одигра 36 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола.