Спорт
(Видео) Атланта постигна 50 поени во последниот период, се врати од -21 и го победи Чикаго
Атланта Хокс со спектакуларен пресврт во последните шест минути ги победија Чикаго Булс со 141:133. Хокс натпреварот го одигра без Богдан Богдановиќ, Ониека Оконгву и Коди Зелер. На овој натпревар Тре Јанг плејмејкерот на Атланта го постигна 11.000 поен во кариерата.
Сепак, Хокс успеаја да ги совладаат Булси во натпревар со голем број на поени, предводени од Тре Јанг со 27 и 13 асистенции и Џејлен Џонсон со 30 и 15 скока, а на другата страна се истакнаа Зек Лавин со 37 и дури и Никола Вучевиќ со 19.
Чикаго Булс го урнаа клупскиот рекорд, против Атланта постигнаа 22 тројки.
Покрај Лавин и Вучевиќ се истакнаа со 26 поени со 4 скока и 5 асистенции на Џевон Картер, како и Коби Вајт со 23 поени, 3 скока и 9 асистенции.
Деандре Хантер, кај Атланта ги следеше Џонсон и Јанг со 25 поени, а Ризаше постигна 16, додека Дајсон Даниелс натпреварот го заврши со 15 поени, 7 скока и 4 асистенции.
Хокс надополнија негатива од 21 поен, победија откако постигнаа 50 поени во последната четвртина.
Хокс одлично го започнаа мечот и имаа серија од 9:2 во воведниот период, но потоа Чикаго „распали“ и направи контра залет од 31:12 и целосно доминираше на паркетот.
На 6:23 до крајот на натпреварот, Атланта губеше од Чикаго со 107:124, а на крајот победи со 141:133.
НБА резултати:
Индијана – Оклахома 114:120
Орландо – Мајами 88:89
Вашингтон – Шарлот 113:110
Мемфис – Торонто 155:126
Милвоки – Бруклин 105:111
Њу Орлеанс – Хјустон 111:128
Портланд – Јута 122:120
Сакраменто – Детроит 113:114
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фон Алмен победи во Супер-Џи и влезе во олимписката историја
Швајцарецот Франњо Фон Алмен го освои и третиот златен медал на Зимските олимписки игри во Милано и Коритна. По победите во спуст и тимска комбинација, Фон Алмен во средата триумфално ја заврши трката во Супер-Џи. Фон Алмен и го донесе првиот златен медал на Швајцарија, на Олимписките игри.
Патеката „Стилио“ во Бормио, Фон Алмен ја мина со време 1.25.32 минути. 13 стотинки зад него беше Американецот, Рајан Кохрејн-Зигер, кој го одбрани среброто во оваа дисциплина, освоено пред четири години во Пекинг. Третата позиција му припадна на уште еден Швајцарец, најолемиот фаворти за златото пред почетокот на трката, Марко Одермарт.
Фон Алмен со денешната победа влезе во олимписката историја, со три златни медали, го изедначи рекородот на Тони Зајлер (Австрија) од 1956 и Жан-Клод Кили (Франциј) од 1968 година.
Следната машка дисциплина во алпско скијање е велеслалом во сабота, 14 февруари.
Foto/ EPA
Спорт
Тотенхем го отпушти Томас Франк
Челниците на фудбалскиот клуб Тотенхем му врачија отказ на менаџерот Томас Франк. Откакзот доаѓа како последица на лошите резултати во Премиер лигата, синиќа неговиот тим загуби дома од Њукасл (1:2), со што ја продолжи серијата на осум натпревари без триумф.
По серија лоши резултати, фудбалерите на Тотенхем се 16-ти на табелата во Премиер лигата, пет бода од зоната за испаѓање.
Данецот беше донесен во Лондон со големи очекувања, бидејќи Тотенхем му плати 7.000.000 евра отштета на Брентфорд.
Од 38 натпревари, во кои го водеше тимот, тој победи само на 13, со 11 нерешени резултати и 14 порази. Френк помина само осум месеци во Тотенхем.
Foto/ depositphotos
Спорт
Лука Дончиќ стана ко-сопственик на тим од НБА Европа
Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешниот генерален менаџер на Далас, која има за цел да го донесе Рим во НБА Европа, објавуви „Атлетик“.
Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влез во лига под покровителство на ФИБА и НБА.
Се пишуваше дека и Дирк Новицки е во тој тим, но неговиот портпарол ги дематира тие информации.
Сепак, во тимот на соработници треба да биде поранешниот литвански кошаркар, Римантас Каукенас. .
Кремона има лиценца за Серија А, а секој тим што би се натпреварувал во НБА Европа мора истовремено да игра и во првото ниво на домашното првенство.
Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите потоа би основале практично нова франшиза во Рим.
Се очекува купувањето на лиценцата за НБА Европа да биде скапо – од 500 милиони до 1 милијарда долари, а Рим е голем и неискористен пазар, па веројатно е дека Нелсон и Дончиќ имаат финансиски моќни партнери.
Моментално, во Рим не постои тим што се натпреварува во највисокиот ранг на италијанска кошарка.
Foto/ depositphotos

