Спорт
(Видео) Баерн чекор поблиску до титулата, Аугсбург поразен по три месеци
Аугсбург по три месеци доживеа пораз во Бундес лигата. Во баварското дерби, Баерн Минхен ја оправда улогата на фаворит и по пресврт победи. Натпреварот во ВВК Арената во Аугсбург заврши со резултат 1:3 (1:1).
Пред ова дерби, Аугсбург беше во серија од 11 натпревари без пораз во Бундеслигата (шест победи и пет нерешени) и во тој период прими само три гола, вкупно четири во 2025 година, што е рекорд во најсилните пет европски национални шампионати.
Се започна добро за домашните, Баерн тешко создаваше шанси, а Аугсбург поведе по точно половина час игра.
Ефективен гол постигна поранешниот фудбалер на ПАОК и Норич Сити, Димитриос Јанулис. Тоа беше деби во Бундеслигата за искусниот грчки дефанзивец.
Гостите во тој период мака мачеа да ја пробијат цврстата одбрана, но успеаја навреме да израмнат на неколку минути пред паузата.
Лерој Сане одлично ја уфрли топката во шеснаесетникот, а Џамал Мусиала на крајот го најде патот до мрежата меѓу тројца одбранбени играчи.
Второ полувреме донесе понаква слика на теренот.
Најпрво во 52. минута Сане ја погоди гредата, но во истиот напад Мусијал поради повреда на мускулот мораше да ја напушти играта.
Само шест минути подоцна, Швајцарецот Седрик Сесер го доби втор жолт или црвен картон, за во следниот напад гостите го комплетираа превртот: Хари Кејн одлично реагираше на центаршут на Мишел Олисе.
Конечниот резултат го постави Лерој Сане во судиското надополнување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Црвена звезда со играч помалку победи против ФЦСБ
Фудбалерите на Црвена звезда го победија ФЦСБ со 1:0 (0:0) во натпреварот од петтото коло од Лига Европа одигран на стадионот „Рајко Митиќ“.
Српскиот претставник ја забележа својата втора последователна победа и стигна до седум бода, три кола пред крајот на лигашкиот дел од натпреварувањето.
Победата на Црвена звезда добива на значење во борбата за пласман во нокаут фазата, особено поради фактот што беше извојувана со играч помалку.
Имено, Звезда играше со десет играчи од 27-та минута кога Тебо Учена доби директен црвен картон. Но и пред и по црвениот картон, Црвена звезда доминираше и чудо е како не постигна барем уште еден гол.
Единствениот гол, во 50-та минута, го постигна Бруно Дуарте, кој претходно пропушти неколку шанси.
Резултати, Лига Европа 5.коло:
ПАОК – Бран 1:1 (0:0)
/Иванушец 64 – Корвинг 89/
Пилсен – Фрајбург 0:0
Болоња – Салцбург 4:1 (1:1)
/Одгард 26, Далинга 51, Бернардески 53, Орсолини 86 – Вертсен 33/
ГА Иглс – Штутгарт 0:4 (0:2)
/Левелинг 20, 35, Ел Канус 59, Буанани 90+3/
Генк – Базел 2:1 (2:0)
/Ох 14, Каречас 45+2 – Отеле 57/
Макаби Тел Авив – Лион 0:6 (0:3)
/Винициус 4, Толисо 25, 51, 53, Ниаките 35пен, Карабец 62/
Нотингем Форест – Малме 3:0 (2:0)
/Јејтс 27, Калимеундо 44, Миленковиќ 58/
Панатинаикос – Штурм 2:1 (1:1)
/Свидерски 18, Калабрија 74 – Китеишвили 35/
Ренџерс – Брага 1:1 (1:0)
/Таверние 45+3пен.- Мартинез 69/
Реал Бетис – Утрехт 2:1 (1:0)
/Ернандез 42, Езалзули 50 – Родригез 55/
Спорт
(Видео) Пораз на Шкендија од Дрита
Фудбалерите на Шкендија го запишаа вториот пораз во Конференциската лига. На гостувањето во Косово, Дрита ја порази Шкендија со 1:0. По втроиот пораз во Конференциската лига, Шкендија остана на четири поени и се наоѓа на 25-то место на табелата.
Натпреварот не понуди некој врвен квалитет, се играше тврдо од двете страни. Пресуди голот на Манај во 20.минута. Впечаток е дека дефанзивците можеда да реагираат подобро во оваа ситуација.
Шкендија во наредната рунда ќе го пречека Слован од Братислава. Натпреварот се игра на 11 декември.
Инаку, Слован го направи најголемото изненадување во петтото коло, на домашен терен, по пресврт го победи Рајо Ваљекано (2:1).
Foto/ EPA, arhiva
Спорт
Македонија го растури Азербејџан
Кошаркарската репрезентација на Македонија со победа ги отвори претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Во Скопје, Македонија го совлада Азербејџан со 87:49.
Македнија ја оправда улогата на фаворит и според очекувањата забележа лесна и убедлива победа.
Андреј Јакимовски беше најдобар со дабл-дабл (25 поени и 11 скокови). Двоен учинок од 16 поени и 11 скока реализираше и капитенот, Војдан Стојановски, Зеќири уфрли 17 поени.
На своето деби за репрезентацијата на Македонија, Омари Мур дојде до скор од шест поени, исто толку скокови и девет асистенции.
Во наредното коло од групата А, на 30.ноември, нашата најдобра селекција ќе гостува во Даблин кај Република Ирска.
Извор/ Кошаркарска федерација на Македонија

