Спорт
(Видео) Баерн прими два гола за 17 минути, па го декласира Фрајбург
Фудбалерите на Баерн Минхен ја забележаа десеттата победа оваа сезона во Бундеслигата откако го победија Фрајбург на својот стадион во спектакуларен натпревар во кој беа постигнати дури осум гола.
Овој натпревар, одигран на Алијанц Арената, не започна добро за Баварците. Фрајбург поведе преку Сузуки веќе во 12-та минута, а само пет минути подоцна, гостите му удрија уште една „шлаканица“ на фаворитот. Голот го постигна Манзамби.
Тоа беше знак за Баерн да го подогне нивото на играта. Без паника во играта, Баварците намалија преку Карл, а на истекот на полувреме то изедначи Олсе.
Во вториот дел пресвртот го комплетираше Упамекано во 55-та минута, а потоа Кејн и Џексон постигнаа по гол, за потоа во 84-та минута точка на мечот да стави Очисе.
Баерн сега е убедливо прв на табелата во Бундеслигата со десет победи и 31 бод, осум повеќе од Баер Леверкузен и девет од Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ на домашен терен ремизираа со Штутгарт и покрај тоа што водеа со 2:0 и 3:1.
Бундес лига, 11-то коло:
Сабота:
Аугсбург – ХСВ 1:0 (0:0)
/Каде 76/
Баерн Минхен – Фрајбург 5:2 (2:2)
/Карл 22, Олисе 45+2, 84, Упамекано 55, Кејн 60, Џексон 78 – Сузуки 12, Манзамби 17/
Дортмунд – Штутгарт 3:3 (2:0)
/Џан 34, Пејер 41, Адејеми 89 – Ундав 47, 71, 90+1/
Хајденхајм – Менхенгладбах 0:3 (0:1)
/Дикс 45+1, Табаковиќ 55, Макино 76/
Волфсбург – Леверкузен 1:3 (0:3)
/Вавро 57 – Хофман 9, Тапсоба 24, Тилман 33/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Халанд го реши Палас, Роџерс блескаше против Вест Хем, Форест го декласира Тотенхем, „Црните мачки“ го добија локалното дерби
Четири натпревари од 16-то коло од Премиер лигата беа одиграни во истиот термин од 15 часот. Сити убедливо го доби малото дерби на „Селхерст Парк“ во Лондон благодарение на новиот гол на Ерлинг Холанд, висока победа забележа Форест против Тотенхем, „Црните мачки“ славеа во локалното дерби против Њукасл со автогол од најдобриот стрелец на гостите, а Вила направи голем пресврт во Лондон против Вест Хем.
Фудбалерите на Пеп Гвардиола не блескаа, но во мечот со Кристал Палас влегоа полни со самодоверба, по триумфот над Реал во Мадрид. Со овој триумф Сити ја продолжи потерата по лидерот Арсенал.
Сити имаше предност по првиот дел со голот на Халанд, во вториот Фоден ја зголеми предноста во 69-та минута, а точка на натпреварот стави Халанд од пенал во претпоследната минута.
Сандерленд, продолжи со добрите изданија оваа сеозна. Повратникот во Премиер лигата, го доби локалното дерби против Њукасл со 1:0. Интересно едниствениот гол го постигна напаѓачот на Њукасл, Волтемаде, кога во 46-та минута ја погоди сопствената мрежа.
Нотингем Форест, без поголеми проблеми славеше со 3:0 над Тотенхем. Во победата на „шумарите“, два гола постигна Хадсон-Одои (28, 50-та минута) и Сангаре во 79-та минута.
Највозбудливиот меч го одиграа Вест Хем и Астон Вила. Славеа гостите, со пресврт во второто полувреме, благодарение на Морган Роџерс. Вила ја продолжи победничката серија, на табелата се наоѓа на теретото место со само три поени помалку од водечкиот Арсенал.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Елмас и Наполи паднаа во Удине, Верона ја продолжи агонијата на Фиорентина
Актуелниот шампион Наполи доживеа болен пораз во Удине и ја пропушти можноста да искачи на челната позиција во Серија А.
Наполи загуби со 1:0 од Удинезе, а херој на црно-белиот тим е Холанѓанецот Екеленкамп, кој го постигна решавачкиот гол во 73-та минута. Домаќините имаа поништен гол во 52-тата минута кога Дејвис беше во офсајд. Наполи беше во подредена позиција на овој натпревар, што го покажува фактот дека немаа ниту еден удар во рамките на голот.
Македпнскиот репрезентативец Елиф Елмас беше на теренот до 83-та минута.
Во вториот натпревар од попладневната програма, продолжи агонијата на Фиорентина. Тимот од Фиренца сè уште е без победа, а овој пат не успеа да освои ниту бод против Верона. Натпреварот заврши со резултат 1:2.
Гостите поведоа во 42-та минута преку Нигериецот Орбан, а Нуњез израмни со автогол во 69-та минута. Фиорентина се обидуваше да ги освои сите три бода, а потоа следеше шок.
Орбан повторно ја погоди мрежата на Фиорентина во третата минута од судиското продолжение и ѝ донесе на Верона три бода.
Фиорентина по 14 натпревари се уште нема победа, има шест бода и се наоѓа на последното место на табелата.
Спорт
Реал Сосиедад го отпушти тренерот Франциско
Реал Сосиедад во неделата објави дека го отпуштил тренерот на тимот, Серхио Франциско.
Разделбата следеше по серија лоши резултати од почетокот на сезоната и само 16 освоени бода од тимот во 16 натпревари.
Последната капка за незадоволството на раководството на Баскијците беше поразот од Џирона дома (1:2), трет по ред во првенството.
Сосидад има само два бода повеќе од првиот тим „под линијата“.
Тимот ќе го предводи тренерот на резервниот тим, Јон Ансотеги, сигурно во следните два натпревари, против Елденсе во Купот и Леванте во првенството.
Франциско е третиот тренер кој е отпуштен од почетокот на сезоната во Ла Лига, по Јулијан Калер (Леванта) и Вељко Пауновиќ (Овиедо).
Foto/ EPA

