Спорт
(Видео) Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија сепак води во Дортмунд

Репрезентативецот на Албанија, Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на Европските првенства.
На стадионот „Вестфален“ во Дортмунд, Бајрами ја искористи катастрофалната грешка на Ди Марко и го совлада Донарума по само 23 секунди игра.
Albania scores in 25 seconds against Italy 🤣 #albania #italy #EURo2024 pic.twitter.com/c48owFmYcs
— Heybets (@playheybets) June 15, 2024
Актуелните европски шампиони експресно се опоравија по почетниот шок.
Бастони го изедначи резултатот во 11.минута. Дефанзивецот на Интер, погоди со глава откако остана сам на втората статива по нафрлувањето на Пелегрини.
Четири минути подоцона, Италија направи целосен пресврт. По една флипер ситуација пред голот на Албанија, топката дојде до Барела кој од 15 метри ја смести топката во голот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер сезонава цели кон тројната круна

Интер го победи Феенорд со 0:2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. На Холанѓаните им недостигаше повеќе цел еден тим, 14 играчи се повредени или суспендирани, па Интер оствари рутинска победа со головите на Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.
По натпреварот, новинар го праша тренерот на Интер, Симоне Инзаги дали сега цели кон двојна круна (италијанското првенство и Купот на Италија).
Инзаги му одговори со кренати три прста. Тренерот на Интер, покрај првенството и Купот, верува и дека може да ја нападне и европската титула.
Интер моментално води во италијанскиот шампионат откако освои бод во многу важно првенствено дерби против Наполи и остана еден бод пред нив и три пред Аталанта.
Тимот на Инзаги во полуфиналето во Купот ќе игра против Милан.
Инзаги е тренер на Интер од 2021 година и го предводеше на 198 натпревари. Минатата сезона го освои италијанското првенство, два пати го освои Купот и три пати Суперкупот. Во Лигата на шампионите пред две години стигнаа до финалето каде загубија со 1:0 од Манчестер Сити.
Спорт
Марк Одермат веќе обезбеди еден „Кристален глобус“

Марк Одермат, 27-годишениот швајцарски скијач, го обезбеди првиот Мал кристален глобус оваа сезона во Светскиот куп. Математички стана најдобар во супер-џи.
Во Квитфјел, Норвешка, за време на тренинзите во спуст, неговиот единствен ривал, италијанскиот скијач Матија Касе, доживеа сериозен пад со што ја заврши сезоната.
Откако бил пренесен во болница, му била констатирана фрактура на лактот, поради што Италијанецот веднаш бил опериран.
Остануваат уште две трки во супер-џи до крајот на сезоната, а само Касе може да го стигне Одермат, кој има 181 бод повеќе во поредокот.
Одермат беше најдобар во супер-џи во претходните две сезони. Освен тоа, Швајцарецот има еден глобус во спуст, три во велеслалом и три пати го има освоено Големиот кристален глобус за најдобар во Светскиот куп, во 2022, 2023 и 2024 година.
Марк е на чекор до нова победа во Светскиот куп бидејќи моментално води со 1306 бодови, додека на второто место е Норвежанецот Хенрик Кристоферсен со 946 бодови.
Спорт
Од гледач до резерва на Баерн среде натпревар

Голманот на Баерн, Свен Улрих (36) е главната приказна на првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите меѓу тимот од Минхен и Баер Леверкузен (3:0).
Не го привлече вниманието со некоја бравура меѓу стативите или некоја интервенција, одбранет пенал…тој не само што не играше, туку не беше ниту на протоколот за мечот.
Улрих десет години е лојална резерва на недопирливиот Мануел Нојер, а моментално е трет голман на тимот, поради што за овој меч беше надвор од протоколот, па тој го следеше натпреварот од трибините, во цивилна облека.
Сепак, во 58. минута првиот голман Мануел Нојер се повреди при спринт за да го прослави вториот гол на Баерн, а набрзо беше заменет од Јонас Урбиг, оставајќи ги Баварците без резервен голман.
Но, тоа кратко траеше. Улрих беше повикан да ја облече голманската опрема, па брзо се симна од трибините на клупата, се пресоблече и за кратко време од гледач стана резерва на Баерн.
Фотографиите од Улрих на трибините во „цивилна“ облека, а потоа и оние од него како седи на клупата во опрема на Баерн станаа вирални.
Sven Ulreich changed and sat on the bench after Neuer's injury https://t.co/qa99UMEQng pic.twitter.com/JyeijSxgX2
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) March 5, 2025