Спорт
(Видео) Барселона го прегази Баерн, Лил среде Мадрид го шокира Атлетико
Барселона во дербито на колото го декласира Баерн, а Лил на „Метрополитано“ го шокира Атлетико. Победи вечерва забележаа Манчестер сити, Динамо Загреб, Феенорд, Ливерпул и Интер.
Барселона со камата ги наплати сите порази од Баерн во изминатите неколку сезони. Под водство на екс тренерот на Баварците, Ханси Флик и со хет-трикот на капитенот Рафиња Барселона победи со 4:1.
Каталонците го започнаа натпреварот на најдобар можен начин бидејќи Рафиња ја искористи грешката на дефанзивците на Баерн во првата минута и им донесе предност на домаќините. Баерн одговори во 10.минута кога на Кејн му беше поништен гол поради офсајд. Сепак, Англичанецот повторно ја погоди мрежата во 18. минута.
Тимот на Ханси Флик беше подобар во поголемиот дел од првото полувреме. Роберт Левандовски во 36. минута донесе ново водство за Рафиња уште еднаш да се запише меѓу стрелците пред да замине на пауза. Така Барселона имаше +2 на полувремето.
Второто полувреме започна со поголема иницијатива на тимот на Винсент Компани, но Рафиња повторно ја презеде одговорноста и го комплетира хет трикот во 56. минута. Домашните рутински го приведоа натпреварот кон крајот и ја забележаа втората победа во Лигата на шампионите.
Лил во претходното коло го победи Реал, а во ова на „Метрополитано славвеше над Атлетико со 1:3.
Апсолутен трагичар на мечот е напаѓачот на 2јорганџиите“ Серлот кој во првото полувреме два пати беше сам со голманот Шевалие и не успеа да постигне гол. Фанцускиот голман се истакна и кога успеа од гол линијата да го одбрани ударот на Хименез.
Атлетико поведе во осмата минута преку Хулијан Алварез, кој искористи една грешка на Туре.
Она што го промашија домашните фудбалери во првиот дел на наплата дојде во вториот. Жегрова во 61.минута постигна брилијантен гол, во 74.минута Лил направи пресврт со гол од сомнителен пенал. Точка на мечот стави Дејвид во 89.минута, откако Атлетико преку Лино и Симеоне не исористи уште две големи шанси.
Резултати:
Атлетико . – Лил 1:3 (1:0)
/Алварез 8 – Жегрова 61, Давид 74пен, 89/
Барселона – Баерн 4:1 (3:1)
/Рафиња 1, 45, 56, Левандовски 36 – Кејн 18/
Бенфика – Феенорд 1:2 (0:2)
/Актуркоглу 66 – Уеда 12, Миламбо 33/
Манчестер сити – Спарта Прага 5:0 (1:0)
/Фоден 3, Халанд 58, 68, Стоунс 64, Нунес 88/
Салцбург – Динамо Загреб 0:2 (0:0)
/Куленовиќ 49, Петковиќ 84/
Јанг Бојс – Интер 0:1 (0:0)
/Тирам 90+3/
Лајпциг – Ливерпул 0:1 (0:1)
/Нуњез 27/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз
Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.
„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.
Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.
Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.
Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.
Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола
Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.
Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.
Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.
Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.
Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.
Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.
Foto/ EPA
Спорт
Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи
Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.
Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.
Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.
Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.
Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.
Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.
Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.
foto/ EPA

