Спорт
(Видео) Бостон го прегази Далас
Најдобриот тим во НБА лигата Бостон Селтикс, во дербито го декласира Далас со 138:110. Селтикс со скор 47-12 ја зацврстија лидерската позиција на Истокот. На Далас не му помогна ниту трипл-дабл учинокот на Лука Дончиќ.
Големата тројка на Селтикс (Тејтум-Браун-Прозингинс) го неутрализираше учинокот на Дончиќ.
Џејсон Тејтум ги предводеше Селтикси со 32 поени и пет тројки, Џејлен Браун придонесе со 25 поени и седум скока, додека Летонецот постигна 24 поени. Уште четворица играчи на Бостон постигнаа двоцифрен број на поени.
Лука Дончиќ го забележа вториот последователен трипл-дабл, 12. од почетокот на сезоната (37 поени, 12 скока, 11 асистенции). Кајри Ирвонг против поранешниот тим постигна 19 поени.
НБА, резултати:
Детроит – Кливленд 100:110
Филаделфија – Шарлот 121:114
Торонто – Голден Стејт 105:120
Мемфис – Портланд 92:122
Минесота – Сакраменто 120:124
Њу Орлеанс – Индијана 129:102
Чикаго – Милвоки 97:113
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

