Спорт
(Видео) Бостон од -18 до победа над Индијана – Холидеј е херојот на Селтикс
Бостон Селтикс ја победи Индијана со 114:111 во третиот натпревар од финалната плејоф серија на Источната конференција. Селтикс водат со 3-0 во серијата, една победа ги дели од пласман во големото НБА финале.
Бостон го слави Џру Холидеј, го фали целата кошаркарска јавност, поради дефанзивниот потег со кој го реши мечот на четири секунди до крајот – кога Пејсерси го започнаа последниот напад, за победа.
При водство на гостите со 112:111, Нембард се упати кон рекетот на Селтикс, на него цело време беше Холидеј, ја чекаше вистинската прилика и искористувајќи го моментот на деконцентрација на ривалот, со одлична реакција му одзеде чиста топка. Тргна во контра беше фаулиран од Сијакам и потоа ги реализираше двете слободни фрлања со кои стави точка на победата.
Џру мечот го заврши со 14 поени, не се прослави во шутот (1/6 за три), но ретко кој ќе го памети неговиот офанзивен настап, поради брилијантнатадефанзивна реакција.
Jrue holiday with the STEAL OF THE YEAR 🔥 pic.twitter.com/rIEoBMDN99
— NBACentel (@TheNBACentel) May 26, 2024
Во победничкиот тим уште еднаш брилјираше Џејсон Тејтум, овојпат со 36 поени, Џејлен Браун постигна 24, а можеби клучен играч на играта заедно со Холидеј беше Ал Харфрод кој постигна седум тројки од 12 обиди и мечот го заврши со 23 поени.
Овој квартет беше најзаслужен за големиот пресврт на Бостон кој се случи откако Пејсерси дојдоа до водство од 84:66 на средината на третата четвртина. Во поразениот тим убедливо најдобар беше Нембард со 32 поени, а Сијакам и Тарнер постигнаа по 22.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Хрватските навивачи пееја усташка песна на улиците во Берлин
На инстаграм профилот на ultra_pokret_hr се појави видео на кое се гледаат хрватските фанови како шетаат по улица и ја пеат песната „Истрчале загребачке фрајле“, објави хрватски Индекс.
„Чекор по чекор, млад усташ под знамето. Битката се води, се води, се вее усташкото знаме, за слобода и за дом, хрватски дом“, пеат навивачите.
View this post on Instagram
Во описот на видеото стои: „Хрватските ултраси до Олимпискиот стадион во Берлин“. Според тоа, се претпоставува дека снимката е направена во саботата пред натпреварот од 1. коло на Европското фудбалско првенство меѓу Хрватска и Шпанија.
Спорт
Маринковиќ се врати во Партизан
Кошаркарскиот клуб Партизан го потврди трансферот на Вања Маринковиќ. Најмладиот капитен во историјата на клубот по пет години се врати во црно-белиот табор.
Маринковиќ од 2013 до 2019 година играше во Партизан, потоа две сезони мина во Валнесија, во од 2021 година го носеше дресот на Басконија.
Во последната сезона во Евролигата, тој одигра 36 натпревари (27 како стартер) и имаше просек од 10,8 поени по натпревар (52% за два, 37% за три), 2,4 скока и 1,6 асистенции за речиси 26 минути игра.
Според српските медиуми, Маринковиќ потпишал две годишен договор со Партизан.
Спорт
Мбапе ги повика Французите да гласаат против десницата
Капитенот на Франција, Килијан Мбапе, на последната прес конференција пред мечот со Австрија, малку зборуваше за фудбалот, во преден план беше политиката.
Во Франција е во тек изборна кампања откако францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори.
Најдобриот француски фудбалер Килијан Мбапе упати апел до граѓаните, особено до младите, да не дозволува екстремната десница да дојде на власт. Во емотивното обраќање Мбапе порача дека фудбалерите не смеат да се одвојуваат од она што се случува во светот околу нив.
„Сакам да бидам горд што ќе го носам овој дрес на 7 јули (тогаш се одржуваат изборите). Не сакам да претставувам земја која не ги одразува моите вредности, која не ги одразува нашите вредности, верувам и се надевам дека сите сме на иста страна. Затоа не можеме да се сокриеме“, изјави Мбапе и додаде:
„Често се вели дека не смееме да мешаме политика и фудбал. Се согласувам кога ситуацијата е нормална, но кога ситуацијата е ваква, тогаш е важно да се каже ова. Ова е поважно од натпревот што следи. Се надевам дека луѓето нема да ми се лутат што го кажав ова бидејќи нашата земја денес е во многу сериозна ситуација“.
Репрезентацијата на Франција, во 21 часот против Австрија ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство.