Спорт
(Видео) Браселона за 30 минути го реши Еспањол
Фудбалерите на Барселона без поголеми проблеми го победија Еспањол со 3:1 (3:0) во 12. коло од шпанската Ла Лига.
Каталонскиот клуб веќе по 31. минута имаше големи и недостижни 3:0, а гостите успеаја само да намалат на 3:1 во 63. минута кога погоди Хави Пуадо.
Двоен стрелец за Барселона беше Дани Олмо во 13. и 31. минута, додека Рафиња ја погоди мрежата во 23. минута.
Избраниците на Ханси Флик се лидери на табелата во шпанското првенство со 33 бода, а со овој триумф направија одлична увертира пред натпреварот од Лигата на шампионите.
Лидерот во Примера, за три дена доаѓа во регионов. На 6 ноември од 21 часот Барселона гостува во Белград каде против Црвенз звезда ќе го одиф=гра натпреварот од во 4. коло во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Играч на Хал суспендиран поради допинг
Фудбалерот на Хал Сити, Оскар Замбрано е суспендиран поради прекршување на антидопинг правилата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).
Замбрано и неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, се наведува на веб-страницата на Хал Сити.
Замбрано (20) во август годинава дојде во Хал Сити како позајмен од еквадорскиот ЛДУ Кито, а оттогаш одигра осум натпревари и постигна еден гол за англискиот клуб.
„ЛДУ Кито ќе продолжи да го поддржува играчот во овој случај и убедени сме дека тоа ќе биде решено на најдобар начин“, се вели во соопштението на еквадорскиот клуб.
Хал Сити, кој стигна до финалето на ФА Купот во 2014 година, се наоѓа на 15. место на табелата во англиското првенство со 15 бодови.
Спорт
Мијатовиќ: Жал ми е за Реал, Анчелоти нема тим во рацете
Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ, го коментираше синоќешниот дебакл на „кралскиот клуб“ во Лигата на шампионите. Реал на домашен терен загуби од Милан (1:3). Ова е втор натпревар на кој Реал прими најмалку три гола, претходно загуби 0:4 во дербито од Барселона. По четири рунди Реал има скор од две победи и два порази.
“Ми беше жал за Реал. Реал Мадрид минува низ многу во моментов… Мојот впечаток е дека тимот му се лизна од рацете на Анчелоти. Со промените кои ги направи, тој практично не знаеше од каде да почне со тимот или како тимот треба да реагира за да се обиде да се врати. Карло направи промени со цел да ја подобри играта, но тие не беа многу добри“, изјави Мијатовиќ за Радио Кадена Сер.
Мијатовиќ беше дел од клубот од Мадрид како играч од 1996 до 1999 година, а зборуваше и за немањето амбиција како потенцијална причина за лошите резултати.
„После две-три одлични години, со се што освои, тимот малку се опушти. Тоа е јасно. Не знам дали Анчелоти има способност да реагира. Не знам дали има способност да ја рестартира целата ситуација. Мислам дека има многу играчи кои не се среќни. Играат помалку него што мислеа дека ќе играат…Постои ситуација која ме загрижува. Анчелоти не може да им каже: „морате да го правите она што јас ќе ви кажам“. Тој сега слуша премногу мислења. Не е во истата позиција во која што беше изминатите години“, рече Мијатовиќ.
Реал во следното коло го очекува уште еден тежок натпревар, ќе гостува кај Ливерпул.
Спорт
Ембид суспендиран поради напад на новинар
Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид е суспендиран поради напад на новинар. Ембиид е суспендиран на следните три натпревари поради инцидентот.
Од НБА соопштија дека се запознаени со инцидентот кој се случил во соблекувалната на тимот и дека ќе наредат истрага за овој случај.
Сè се случувало во соблекувалната, каде што имало и новинар кој неодамна напишал текст кој не му се допаднал на Камерунецот.
„Следниот пат кога ќе пишувате за мојот мртов татко и мојот син, ќе видите што ќе ви направам и ќе живеам со последиците од она што ќе ти го направам“, му се заканил Ембид на новинарот, а потоа физички го нападнал.
Ембид потоа го оттурнал новинарот, па портпаролот на Филаделфија морал да интервенира и да го спречи Камерунецот да направи поголема грешка.
Нападнатиот новинар неодамна пишуваше за тоа дека Ембид „не сака да игра“, што го налути до таа мера што сакаше физички да се пресмета со претставникот на медиумите.
Поради целата ситуација НБА го суспендираше центарот на Филаделфија.